6 вкусни смутија за супер енергични утра

6-vkusni-smutija-za-super-energicni-utra-01.jpg

Секој од нас барем еднаш во денот се пожалил на недостаток од енергија. Брзото секојдневие и стресниот начин на живот негативно влијаат врз здравјето на луѓето кои често се жалат на замор во текот на работната недела.

Токму поради тоа исхраната и физичката активност играат главна улога во обезбедувањето на потребната енергија за да може да се издржи напорното секојдневие.

Смутито е вистински хит во светот поради големиот број на позитивни ефекти врз здравјето на секој од нас. Миксот од овошје и зеленчук во чаша е одлична идеја за здрав почеток на денот. Во продолжение ви нудиме 6 здрави рецепти за смути кои што ќе ви овозможат енергија во текот на денот.

Сите рецепти се со јогурт, но наместо него можете да додадете вода или нискокалорично млеко. Moќниот блендер на Philips има повеќе брзини и PULS функција за перфектни резултати во секое време.

Смути со банана

6-vkusni-smutija-za-super-energicni-utra-1.jpg

Потребни состојки: 2 банани, 1 праска (или некое друго сезонско овошје) и една чаша јогурт

Уживајте во ова освежувачко смути за појадок. Бананите се борат против депресијата, не прават попаметни, лечат мамурлак, ја олеснуваат утринската мачнина, спречуваат рак на бубрезите, дијабетес, остеопороза и слепило.

Смути со боровинки

6-vkusni-smutija-za-super-energicni-utrа-2.jpg

Потребни состојки: една чаша боровинки (може и замрзнати), 1 банана, една чаша јогурт

Ова утринско смути ќе ве расони многу побрзо од една шолја кафе. Боровинките се еден од најдобрите плодови кои можеме да ги имаме во својата исхрана. Преполни се со антиоксиданси, хранливи материи и влакна.

Смути со јагоди

6-vkusni-smutija-za-super-energicni-utra-3.jpg

Потребни состојки: една чаша јагоди (може и замрзнати), 1 банана и јогурт

Утрото ќе биде прекрасно со ова освежувачко смути кое веднаш ќе ви помогне да го започнете енергично денот. Освен што е хранлива, јагодата е ниско калорично овошје со  лековити својства: го стимулира работењето на џигерот и бубрезите и го подобрува процесот на исфрлувањето на течностите од организмот. Тие содржат големо количество на витамин Ц, големо количество на антиоксиданси и го чистат организмот од маснотиите. Го намалуваат количеството на слободните радикали, ја поттикнуваат детоксикацијата и го намалуваат ризикот од настанувањето на малигните тумори. Билните феноли го намалуваат ризикот од срцевите заболувања, а со самото тоа го поттикнуваат  работењето на срцето.

Смути со јаболко

6-vkusni-smutija-za-super-energicni-utra-4.jpg

Потребни состојки: Две зелени јаболка, 1 морков, 1 банана и чаша јогурт

Јаболкото е овошје кое лечи апсолутно сè: срцето, црниот дроб, цревата... Не се вели бадијала, едно јаболко на ден и лекар не ви е потребен. Бидејќи јаболкото содржи нерастворливи прехранбени влакна како што е пектинот, ја апсорбира водата и токсичните материи во цревата и на тој начин го чисти нашиот организам. Исто така, пектинот поволно делува на цревната слузница, и заедно со другите состојки делува поволно против запек и пролив. Јаболкото исто така е добро за забите. Со негова консумација се освежува устата и се намалува чувството на глад.

Смути со портокал

6-vkusni-smutija-za-super-energicni-utra-5.jpg

Потребни состојки: 2 портокали, 3 кајсии (може да се искористи друг вид на сезонско овошје)1 банана, една чаша јогурт

Сладок и сочен, портокалот е едно од најпопуларните овошја во светот. Овој природен извор на енергија и витамин Ц има премногу предности кога се работи за вашето здравје, го зајакнува имунитетот бидејќи витаминот Ц го јакне нашиот имунитет и не штити од болести и инфекции. Токму поради тоа ова смути е совршено за наутро.

Смути со аронија и вишни

6-vkusni-smutija-za-super-energicni-utra-6.jpg

Потребни состојки: 10-на зрнца аронија (може и замрзнати), 1 чаша вишни (може и замрзнати), 2 банани, една чаша јогурт

Плодовите од аронија помагаат кај детските болести, воспаление на желудникот, алергии, болести на бубрезите и жолчката, кожни болести, регулирање на крвниот притисок. Одлична е и за лечење на тегоби предизвикани од слабокрвност, висок притисок, мигрена и повишено ниво на шеќер во крвта. Поради сите позитивни ефекти на аронијата и вишните кои пак се оскудни со маснотии и белковини, па и со калории, но затоа обилуваат со витамин Ц, витамин Б комплекс и минералите – калиум, железо и кобалт, ова смути треба да се најде во вашата секојдневна исхрана.

6-vkusni-smutija-za-super-energicni-utra-7_copy.jpg

Би можело да ве интересира:

Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Дали ноќното потење е знак за сериозен проблем и кога треба да одите на лекар? Ноќното потење може да биде предизвикано од разни фактори, како менопауза или пи...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg