Совети за трчање за девојки
Колку повеќе знаете за трчањето, исхраната, тренинзите и здравјето толку повеќе ќе уживате, без разлика која е вашата мотивација и цел.
Ова се општи совети за женското трчање. Советите ги покриваат сите важни области: здравје, психологија, моторика, тренинг, менструални циклуси.
Што треба да знаете?
- Трчањето предизвикува специфична состојба на свеста. Единствено нешто што влијае врз тоа дали ќе успеете или не е начинот на кој размислувате за трчањето. Ако ви помага да се ослободите од стресот, согорувате калории, ја зголемувате самодовербата, тогаш не е важно дали трчате брзо или споро, вие уживате.
- Девојките кои се спортски активни и тренираат во анаеробна зона, интервали, нагорнини, фартлег, ја зголемуваат својата сила и брзина исто како да употребиле некое недозволено средтсво, но тука нема никакви негативни последици. Ова е потполно точно бидејќи со тренирање во анаеробната зона се стимулира лачењето на хормонот за раст, а тој влијае директно на јакнење на мускулите и брзината на трчањето.
- Брзото трчање согорува повеќе калории од бавното, додека пак со бавното трчање се согоруваат многу повеќе калории отколку со која било друга активност. Бавното трчање согорува повеќе масти од брзото, па долку сaкате да изгубите килограми трчајте бавно.
- Не мора да бидете врвна атлетичарка за да се пријавите на некоја трка, едноствано искористете ја таа прилика за забава, дружење, рекреација.
- Докажано е дека девојките кои трчаат имаат дупло помали шанси да добијат рак на грлото од матката или дојката.
- Ако трчате имате 35% помали шанси да добиете дијабетес.
- Внесувањето на минерали е доста значајно за жените посебно железо и калциум. Железото е важно заради менструалниот циклус, а го има во житарици, спанаќ и говедско месо. Калциум има во млечни призводи, брокули, риба и др.
- Со трчањето се разубавува кожата. Дерматолозите имаат докажано дека со трчање се забрзува циркулацијата и транспортот на хранливи материи како и исфрлањето на токсините и штетните материи кои ги создал метаболизмот.
Затоа девојки, ви препорачуваме да почнете со трчање и вежбање со Кондиционен Тренер
-->
Би можело да ве интересира:

Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации...
Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќн...

11 совети кои докторите би сакале да ги знаете (и послушате)
„Внимавајте на килограмите. Грижата за физичкото, менталното и емоционалното здр...

Зошто ви се јавува остра болка од страната на стомакот кога вежбате (и како да ја спречите)?
Постојат неколку теории за појавата на оваа болка – од мала физичка кондиција, д...

Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето
Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...

5 знаци дека имате здрав менструален циклус (и кога треба да одите на гинеколог)
Редовните менструации главно се знак дека хормоните ви се синхронизирани. Што др...

Синдром на вампир, човек-камен: 10 најчудни ретки болести (нема да верувате дека постојат)
Овие болести се толку ретки што за повеќето луѓе звучат неверојатно, но тие нави...
-->
-->