Која е главната причина за повеќето емоционални проблеми во животот?

Причината за повеќето психолошки и емоционални проблеми е траума. Заглавеност во траума предизвикува симптоми како: анксиозност, депресија, очај, беспомошност, патолошка посесивност, чувство на вина и слично.

Ova e pricinata za poveketo emocionalni problemi 01

Сите овие чувства се проследени со негативни убедувања, како што се: „Јас не сум достоен“, „Животот е бесмислен“, „Никогаш нема да се промени“, „Никој нема да ме сака“…

Треба да се нагласи дека овие негативни емоции, како и негативните убедувања, се само симптоми на траума кои покажуваат дека траумата е сè уште во нас, сè уште е активна и влијае врз нашата перцепција.

Што е траума?

Траума е субјективна перцепција која вклучува чувство на загрозеност (животна, емоционална или физичка) и чувство дека не можеме да сториме ништо за да ја избегнеме ситуацијата што нè загрозува. 

Траумата може да биде ситуација која лично ни се случила, но може да се појави и како последица на набљудување на другите луѓе кои преживеале одредена траума.

Набљудувањето може да биде трауматично за набљудувачот, особено ако тој или таа се идентификува со лицето кое ја доживува траумата.

Големи и мали трауми

Повеќето луѓе мислат дека траумата значи да се доживее екстремно лошо и екстремно интензивно искуство, како што е силување, војна, природни катастрофи и слично.

Покрај ваквите интензивни трауми постојат и мали трауми кои, исто така, можат да влијаат на човековата психа.

Трауматските ситуации можат да бидат, на пример, сообраќајни незгоди, одвојување од саканите личности, промени во животната средина, сите видови на емоционална, физичка и сексуална злоупотреба, заплашување и вознемирување на работа...

Ova e pricinata za poveketo emocionalni problemi 02

Како траумата влијае врз психата?

Траумата секогаш се јавува во конкретна ситуација и во одредено време. Сите преживеани трауми остануваат во нашата меморија и влијаат врз нас.

Секогаш кога ќе се најдеме во ситуација која потсетува на одредена траума, постои можност истата да се активира. По активација на траумата се појавуваат непријатни симптоми, првенствено негативни емоции (анксиозност, депресија) и телесни реакции (грчеви, болки).

Дури и кога траумата се случила пред дваесет или триесет години, истата е запишана во телото и меморијата. Овие реакции на телото се инстинкти за преживување.

Сите животни (вклучувајќи ги и луѓето) имаат инстинкти за преживување кои се активираат во ситуации опасни по живот.

Траумата не може да постои без активирање на инстинктот за преживување. Овие инстинкти служат за да нè заштитат од опасна ситуација.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg