10 причини зошто менструацијата ви доцни, а не сте бремени

На секоја жена барем еднаш ѝ се случило да ѝ задоцни менструалниот циклус. Веројатно, во овие случаи, првото прашање што си го поставувате е дали сте бремени.

stres-losha-ishrana-10-prichini-za-docnenje-na-menstrualniot-ciklus-osven-bremenost-01.jpg

Но, бременоста не е секогаш причина за доцнење менструацијата. Животните навики, стресот, исхраната и некои здравствени проблеми можат да го нарушат менструалниот циклус, а со тоа да предизвикаат доцнење на менструацијата.

Погледнете кои се 10-те причини за доцнење на менструацијата, освен бременост:

Инфекција

Инфекциите на матката или јајниците кои не се лекуваат навреме, можат да предизвикаат доцнење на менструалниот циклус.

Полицистични јајници

Друга причина за доцнењето на вашата менструација можат да бидат и цистите во јајниците. Овие цисти ја отежнуваат овулацијата, па можат да бидат и причина за неплодност. Во овој случај, најдобро е да се консултирате со вашиот гинеколог.

stres-losha-ishrana-10-prichini-za-docnenje-na-menstrualniot-ciklus-osven-bremenost-02.jpg

Миом на матка

Најчесто миомите на матката се карактеризирани со обилно и долготрајно крвавење. Сепак, тие можат да го нарушат менструалниот циклус и да предизвикаат нередовни менструации.

Лоша исхрана

Веќе знаете дека исхраната има големо влијание врз вашето здравје, вклучувајќи го и менструалниот циклус.

Исхраната сиромашна со белковини и витамини може да предизвика прекинување на менструацијата, бидејќи телото се обидува да заштеди енергија и крв.

stres-losha-ishrana-10-prichini-za-docnenje-na-menstrualniot-ciklus-osven-bremenost-03.jpg

Прекумерно вежбање и нагло слабеење

Иако вежбањето е важно, доколку претерате, можете да си направите проблеми.

И вежбањето и наглото слабеење водат до намалување на мастите во телото, поради што се намалува нивото на лептин и естроген во организмот. Ова може да резултира со доцнење на менструацијата.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои не треба да ги криете од лекарот Хемороиди, прекумерно потење, намалено либидо – само затоа што некои проблеми со...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg