Дневен хороскоп

Риби Риби
 19.02-20.03

Дневен хороскоп за Риби - петок, 26 април 2024

Ништо не може да ви го расипе расположението денес. Чувствувате дека ѕвездите се на ваша страна и ќе зрачите со позитивна енергија кај и да се појавите.

На работното место ќе добиете пофалби од колегите и претпоставените за ефикасноста.

Време е да се ослободите од лошите навики на љубовен план и да си дадете шанса да откриете нешто ново. Само внимавајте да не донесете избрзани одлуки за кои може да зажалите.

Неделен хороскоп

Риби Риби
 19.02-20.03

Љубов Работа Здравје
5 4 4

22 до 28 април 2024

Љубов: Рибите оваа недела попозитивно ќе гледаат на емотивните врски. Ако сте во брак, ќе се трудите да бидете доминантни, но партнерот нема да биде особено подготвен да ви попушти во сè. Слободните може да имаат нови познанства кои ќе ги расположат, а некои може да ги привлече многу пријатна личност.

Работа: Напнати сте во исчекување на вести од некој кој живее во странство. Вашите амбиции се охрабрени и можно е да сте станале посигурни во себе, што го забележуваат сите на работа. Тимската работа е добра за вас иако мислите поинаку. Ќе блескате во тимот.

Здравје: Доколку неодамна сте се чувствувале нестабилно и сте имале одредени здравствени проблеми, сега ќе се опоравите и ќе бидете полни со енергија.

Совет: Планирајте подолги патувања.

Месечен хороскоп

Риби Риби
 19.02-20.03

април 2024

Работа: Динамичната фаза на кариерата ви носи нови предизвици и можности за раст и развој. Очекувајте да станете многу поуспешни кога ќе се издвоите од толпата и ќе им ги покажете на другите вашите уникатни таленти што можете да ги споделите со нив. Останете отворени за нови идеи и соработка, преку кои можете да ги проширите своите хоризонти и вештини. Јасната комуникација е клучна за да се избегнат недоразбирањата. Останете фокусирани на вашите цели, организирани и бидете подготвени да преземете иницијатива кога ќе дојде моментот. Кога се финансиите во прашање, состојбата е стабилна. Ова не е време за финансиски ризици, имајте го тоа на ум.

Љубов: Овој месец носи жива енергија во вашиот личен и емотивен живот, можеби ќе ве привлечат нови искуства и врски кои предизвикуваат желба за авантура. Ако не сте сигурни во вашите мотиви и расудување, работете на препознавање на шаблоните кои повеќе не ви служат. Направете нешто поразлично од она што сте го правеле до сега, кога ќе се појави некој интересен. На пат сте кон подлабоко разбирање и поголема смиреност во партнерските односи. Времето на интроспекција ви овозможува да се поврзете со вашите најдлабоки чувства и желби, како и да ги изразите и споделите со партнерот. Барањето хармонија помеѓу внатрешниот и надворешниот свет може да бара компромиси и воспоставување нови граници.

Здравје: Свеста за сите аспекти на здравјето носи рамнотежа, слушајте го вашето тело и дозволете си активност, одмор, ментална стимулација, сон, забава, нега и храна што ви треба, кога ви треба, на начин кој најмногу ви одговара. Вклучете се во активности кои го смируваат умот, го регулираат стресот и го зајакнуваат телото за одржување на високо ниво на енергија и целокупно здравје.

Годишен хороскоп

Риби Риби
 19.02-20.03

2024

Без оглед дали сакате да постигнете успех на работа и во љубовта или цел ви е да создадете подлабока врска со себе, очекувајте интересна и плодна година.

Познати сте како креативци, а тоа ќе дојде дополнително до израз во 2024-та година.

Во втората половина од годината ќе успеете да ги реализирате и своите најлуди соништа.

Но, бидете свесни дека нема секогаш сè да оди мазно и без проблеми.

Ќе се соочувате со предизвици и пречки кои ќе го тестираат вашето трпение.

Верувајте во себе и во своите можности, единствено така ќе успеете да постигнете сè што сте намислиле.

Љубовта ќе цвета, а вие ќе имате чувство дека сте на седмо небо.

Некои Риби ќе сакаат да пробаат холистички пристап и третмани, со алтернативни терапии, акупунктура, ароматерапија или растителни лекови.

На деловен план ќе имате турбулентна година со многу повеќе подеми отколку падови.

Кариера и финансии

Во 2024-та година ќе ве очекуваат големи деловни предизвици, какви што не паметите.

Ќе имате многу нови можности, но ќе треба да „играте“ паметно и да ги прифатите само оние кои се сигурни.

Не преземајте ризици, колку и да сте сигурни дека на крајот ќе излезете како победници.

Од друга страна, со вашите идеи ќе ги воодушевите колегите и претпоставените, па тоа ќе ви биде голем плус во кариерата.

Комуникацијата со луѓе од различни области, но и запознавањето нови луѓе во вашето деловно окружување ќе се покаже како одличен чекор.

Но, бидете подготвени и за повремени деловни разочарувања.

Поради вашата сочувствителност, некој ќе проба да ве искористи.

Во втората половина од годината некои од вас ќе почнат да размислуваат за алтернативна кариера или преселба во странство, каде што ќе почнат сè од почеток.

Љубов

2024-та ќе биде година на страст, љубовни можности и големи промени, а вашето срце ќе чука забрзано и ќе сака да доживее уште поголема возбуда.

Ако сте сингл, подгответе се да ве заведе некој што ќе ја разбере вашата сензитивна и емпатична природа.

До израз ќе дојде вашиот магнетски шарм и ќе привлекувате луѓе каде и да се појавите.

Ако сте во врска, таа ќе се продлабочи, а вие и партнерот ќе најдете ново ниво на разбирање и интимност.

Но, некои Риби ќе преживеат и љубовни турбуленции и проблеми во комуникацијата со партнерот (без оглед дали се во врска или во брак).

За среќа, овие предизвици ќе ве направат посилни за да можете да се носите со сите идни проблеми.

Ако сте во брак, секогаш бидете отворени и искрени во комуникацијата со партнерот – во спротивно ве очекуваат големи проблеми.

Некои Риби, пак, кои се во долга врска, почнуваат да размислуваат за брак.

Но, запомнете – не го притискајте партнерот за да не постигнете спротивен ефект од она што посакувате.

Балансирајте меѓу семејството и работата и не дозволувајте приватниот живот да трпи за сметка на професионалниот.

Здравје

Во 2024-та вашето физичко здравје ќе оди по нагорна линија.

Ќе покажете ентузијазам за вежбање каков што сте немале претходно, до толку што и вие ќе бидете изненадени од себе.

Обидете се да одржувате конзистентност во текот на целата година, без оглед дали ќе се посветите на јога, пливање или обични долги прошетки во природа.

Од друга страна, не ја занемарувајте ни исхраната, па јадете по малку од сè, без претерување, но внесувајте и доволно течности.

Не заборавајте дека е најважна умереноста, па затоа избегнувајте екстреми и во однос на вежбањето, и во однос на исхраната/диетата.

Одвојте доволно време и за одмор, слушајте го телото и не правете ништо што не ви годи.

На листата приоритети за 2024-та нека ви биде и здравиот сон, па спијте колку што можете повеќе – така ќе ги полните батериите и ќе си ја враќате загубената енергија.

  • Horoskop-Oven
  • Horoskop-Bik
  • Horoskop-Bliznaci
  • Horoskop-Rak
  • Horoskop-Lav
  • Horoskop-Devica
  • Horoskop-Vaga
  • Horoskop-Skorpija
  • Horoskop-Strelec
  • Horoskop-Jarec
  • Horoskop-Vodolija
  • Horoskop-Ribi

Бонус хороскоп

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg