Хороскоп за Риби


Дневен хороскоп

Риби Риби
 19.02-20.03

Дневен хороскоп за Риби - среда, 21 октомври 2020

Поставете цврста основа, ако сакате да дојдете до некој позитивен резултат. Слушајте внимателно и покажете го целиот свој потенцијал на работа. Во љубовта понекогаш има тешки и болни периоди и овој за вас може да е токму таков. Тргнете го егото на страна и попуштете некогаш.

 

Неделен хороскоп

Риби Риби
 19.02-20.03

Љубов Работа Здравје
5 4 4

19 до 25 октомври 2020

Риби

Љубов: На повеќе луѓе ќе им се допаѓа вашето друштво. Ако сте во врска, повеќе време ќе поминувате со пријателите и партнерот, отколку сами со партнерот. Никој нема за тоа да ви приговори, но понекогаш останете само вие двајца.

Работа: Пред вас е сè поотворен пат за развој на професионално поле. Кај некои од вас тоа ќе се покаже како сѐ подобро поврзување со соработниците од струката или со странци. Ќе има и такви кои поради работа ќе мора да патуваат.

Здравје: Се случува проблемите од работното место да се рефлектираат на полето на здравјето. Не сте расположени.

Совет: Подобрете ја кондицијата.

Месечен хороскоп

Риби Риби
 19.02-20.03

октомври 2020

Работа: Деловниот аспект е подобар од љубовниот. Овој период ви овозможува повеќе да се ангажирате на полето на работата. Планетите ви се наклонети од оној момент кога ќе го придвижите внатрешниот дух. За Рибите е важно да го работат она што го сакаат и единствено така може да дојде до потполно исполнување. Промената на работното место е извесна. Вашето опкружување станува напорно, а промената на соработниците и новите познанства за зголемуваат интуицијата и ви даваат можност за напредување и зголемување на финансиите. Работата која треба да ја започнете во втората половина од октомври ќе биде плодоносна, како за вас, така и за соработниците или ако сте претпоставени, за работниците. Ви следи добра работа со Вага, Стрелец или Јарец.

Љубов: Рибите кои се во врска може да се соочат со љубовно разочарување во октомври. Можеби не сте ни претпоставувале што се крие партнерот од вас и тоа навистина може да ве повреди. Веројатно сте завршиле некоја тајна врска. Лошо се чувствувате и тоа ќе потрае во текот на месецот. Ќе ви биде тешко да се приберете и да тргнете понатаму. Имавте бурен период кој сега е завршен и треба да се свртите кон нова љубов со повеќе отвореност и искреност. Добар период следи од средината на месецот за ново познанство. Ќе имате прилика да се запознаете со личност која ќе ви пружи стабилност. Понекогаш послушајте совет од пријателите. Може да бидете во опкружување на интересни и харизматични личности кои може да бидат добро друштво и добри пријатели. Рибите кои се во брак или во врска треба да остварат поискрена комуникација со партнерот.

Здравје: Здравјето ќе ви биде чувствително во првата половина од октомври. Можно е да дојде до отежната циркулација и до нестабилност предизвикана од хормонски реакции. Ќе бидете склони и кон вирусни воспаленија кои може да бидат проследени со висока температура. Ако сте повозрасни, можни се болки во коските и зглобовите. До подобрување на здравјето и стабилизација ќе дојде кон крајот од месецот.

Годишен хороскоп

Риби Риби
 19.02-20.03

2020

2020-та е годината во која ќе се пронајдете себеси, но ќе треба да научите и да уживате во тоа.

Интуицијата и имагинацијата ќе достигнат ново ниво, а ова ќе ве подготви за многуте цели и проекти. Следете ги вашите соништа без страв и не слушајте што ви велат другите.

Обидете се да ја обновите врската со вашето внатрешно дете. Токму тој аспект од вашата личност ќе ви помогне да откриете што точно сакате.

 

Работа и финансии

Оваа година вистински искористете ги вашите таленти за да се истакнете на работното место.

Доколку, пак, сегашната работа не ви го овозможува тоа, можеби треба да размислите за промена на кариерата. Бидејќи, сепак, најдобри резултати ќе постигнете ако работите без притисок и со уживање.

Последниве 3 години не беа најдобри на професионален план, но во новата година ќе бидете подготвени да ризикувате. Ова ќе ви помогне да ја напуштите удобната зона и да почнете да работите на вашите цели.

Во 2020-та нема многу да се фокусирате на парите, а ова би можело да предизвика некои финансиски проблеми.

Кога станува збор за буџетот, важно е да го испланирате паметно. Воздржувајте се од купување непотребни работи.

 

Љубов

Во 2020-та ќе ги подобрите односите со речиси сите. Ако го задржите вашиот оптимизам, ќе запознаете многу интересни луѓе и ќе склопите многу нови пријателства.

Доколку сте во врска, односот со партнерот ќе биде подобар од кога било. Ако сте сингл, веројатно ќе имате 1-2 кратки романси.

Ако сте во врска, ќе настојувате да ја подобрите. Ако сте сингл, ќе сакате нештата да останат такви какви што се.

Во текот на годината повеќе ќе се фокусирате на себе отколку на односот со другите. Ќе им се посветите на вашите лични желби и соништа, а не на саканите.

Само обидете се да се ослободите од чувството на вина. Едноставно, правете го она што мислите дека е најдобро за вас и опкружете се со луѓе кои ве сакаат такви какви што сте.

 

Здравје

Уште на почетокот од годината ќе забележите дека имате повеќе енергија. Истовремено, ќе го забележите и влијанието на вашите најлоши навики. Ова ќе ве мотивира да водите подобра грижа за вашето здравје.

Сепак, во текот на годината можно е да се појават посериозни проблеми со здравјето. Најверојатно причината за ова ќе биде стресот од работното место, па обрнете повеќе внимание на менталното здравје.

Обидете се да се фокусирате на здравата исхрана и добро би било да почнете со вежбање. Дури и кога ќе сакате да се откажете, бидете упорни.

Оваа година ќе забележите промени на емоционално ниво и ќе го најдете внатрешниот мир. Ќе бидете подготвени да направите сè за да го постигнете тоа.

  • Horoskop-Oven
  • Horoskop-Bik
  • Horoskop-Bliznaci
  • Horoskop-Rak
  • Horoskop-Lav
  • Horoskop-Devica
  • Horoskop-Vaga
  • Horoskop-Skorpija
  • Horoskop-Strelec
  • Horoskop-Jarec
  • Horoskop-Vodolija
  • Horoskop-Ribi

Бонус хороскоп

Најчитани неделава

Најнови игри