Хороскоп за Скорпија


Дневен хороскоп

Скорпија Скорпија
 23.10-21.11

Дневен хороскоп за Скорпија - среда, 21 октомври 2020

Ќе ви годи топлата, пријателска атмосфера. Минувајте безгрижни мигови со пријартелите, но длабоките разговори оставете ги за друг ден. Со помош на шармот и снаодливоста ќе предизвикате интензивна реакција од вашите работодавци. Со партнерот лесно ќе правите компромиси и врската ќе ви оди по хармоничен тек.

Неделен хороскоп

Скорпија Скорпија
 23.10-21.11

Љубов Работа Здравје
5 4 4

19 до 25 октомври 2020

Љубов: Во поголемиот дел од седмицата ќе ви биде мирно и сигурно. Од време на време ќе влезете во друштво на разни луѓе и со нив вешто ќе комуницирате. Оние што се сè уште сами лесно ќе наоѓаат нови лица, а некои од нив многу ќе им се допаднат. Сепак, ќе тежнеете кон незадолжителното.

Работа: Веројатно одлично ќе просперирате во услужните дејности. Некои од вас ќе дојдат до решенија кои биле невозможни. Ќе бидете задоволни и со материјалните постигнувања, но светот на идеите и понатаму ќе ви биде предизвик на кој нема да можете да му одолеете.

Здравје: Здравјето ви е стабилно, малку сте нерасположени, но ќе помине.

Совет: Следете ја интуицијата.

Месечен хороскоп

Скорпија Скорпија
 23.10-21.11

октомври 2020

Работа: Што се однесува до работата стигнуваат убави вести за сите оние што се занимаваат со креативна работа. Конечно вашиот талент ќе дојде до израз. Склони сте кон добра организација и кон соработници кои не се баш јаки и способни како вас. Може да имате извесни проблеми во текот на месецот со личности од вашето опкружување. Би требало да внимавате на соработниците кои често се невешти или расеани. Кај вас точно се знае каде и што. Ова е добар период за заработка и зголемување на приодите. Личност родена во знакот на Бик и Девица е потенцијален деловен соработник, особено ако има врска со странство. Пред крајот од месецот може да имате зголемени трошоци. Бидете внимателни со трошењето пари и покрај приливот.

Љубов: Ова е добар период за љубов. Скорпиите кои се во врска или во брак имаат прилика да отпатуваат со партнерот или да уживаат во деновите пред нив. Односот е стабилен и имате доверба во партнерот. Емотивната врска ви е важна во овој период и дома се чувствувате добро. Ви годи вниманието на партнерот и ќе направите се атмосферата да остане мирна и насмеана. Ќе успеете во тоа. Скорпиите кои се во брак се склони кон тајни врски. Тие мислат дека можат сѐ и дека секој може да биде освоен. Но не е така. Слободните Скорпии не можат да пронајдат партнер по кој е по нивна мерка. Ви се чини дека многумина не ги задоволуваат вашите критериуми и дека во старт се погрешни. Многу Скорпии ќе се обидат да ја обноват врската со бившиот партнер.

Здравје: Во првата декада од октомври ќе ви биде ослабен имунитетот и може да дојде до вирусни воспаленија проследени со висока температура. Ќе бидете подложни на проблеми со дишните патишта и желудникот. Можно е и варирање на крвниот притисок. Внимавајте на повреди. Здравјето ќе ви се подобри во втората декада и сѐ до крајот од месецот.

Годишен хороскоп

Скорпија Скорпија
 23.10-21.11

2020

Во 2020-та година Скорпиите треба да ја користат својата позитивна енергија за да им помогнат на другите да напредуваат во своите животи. Максимално и разумно треба да го користите времето оваа година.

За вас 2020-та година ќе биде посебно напредна и многу од работите кои ќе ги посакате, ќе ви се исполнат како награда за сите вложени напори во минатото.

На почетокот од годината ќе забележите драстични промени посебно кога се работи за кариерата, а како што годината ќе одминува, така вие ќе напредувате духовно.

Единствено таинственоста може да ви донесе недоразбирања во 2020-та, па подобро би било гласно да ги кажувате работите кои ги сакате.

 

Работа и финансии

Оваа 2020-та нема да биде претерано продуктивна за Скорпиите, па можни се кратки периоди на досада на моменталното работно место. Ова ќе ве поттикне да размислувате за промена на кариерата.

Впуштете се во потрага по професија која е во склад на вашите вештини и работите кои сакате да ги правите. Нема смисла да ја напуштите моментално здодевната работа за да се посветите на уште поздодевна.

2020-та ќе биде опуштена и кога се работи за финансиите. Важно е да се советувате со стручни лица за вашите трошоци и влогови. Сите долгови конечно ќе се исчистат.

Раната пролет во 2020-та ќе ви донесе енергија неопходна за привлекување награди. Продолжете да бидете вредни, но не и напорни.

 

Љубов

Вашиот љубовен живот ќе продолжи да се движи во иста насока како и во 2019-та. Сепак, ќе има мали промени доколку сте сами, односно има големи шанси да запловите во љубовна врска на самиот почеток од годината.

Без оглед на тоа дали сте во брак, врска или сами, љубовните одлуки ќе ви бидат тешки во оваа 2020-та година.

Избегнувајте комплетна контрола над партнерот, обидете се да се опуштите сами и во друштво на пријателите.

Секогаш ќе мора да размислувате на последиците пред да преземете драстични мерки. Не е важно да идете само интимни за да бидете среќни.

 

Здравје

Во споредба со 2019-та година, Скорпиите ќе имаат многу повеќе енергија од очекуваното. Веројатно нема да знаете што да правите со неа, па ќе мора да откриете ново хоби.

Првите неколку месеци важно е да ја избалансирате исхраната. Ова ќе ви помогне да го забрзате метаболизмот и да избегнете проблеми во остатокот од годината.

Не се форисирајте до самиот раб на исцрпување, и физички и психички. Воведете подобра дисциплина за подобро здравје е конечниот совет за 2020-та.

  • Horoskop-Oven
  • Horoskop-Bik
  • Horoskop-Bliznaci
  • Horoskop-Rak
  • Horoskop-Lav
  • Horoskop-Devica
  • Horoskop-Vaga
  • Horoskop-Skorpija
  • Horoskop-Strelec
  • Horoskop-Jarec
  • Horoskop-Vodolija
  • Horoskop-Ribi

Бонус хороскоп

Најчитани неделава

Најнови игри