Која летна дестинација во Грција треба да ја посетите летово, според хороскопот?
Јарците сакаат да одморат некаде на Халкидики, Биковите сакаат мирни и бистри сини води, спој од мир, но и забава, па островите како Закинтос, Лефкада, Кефалонија се идеални. Лавовите имаат истенчен вкус и монденски летувалишта, па нешто како Миконос или Парос е идеален избор.

Дури и да не верувате и да не сте опседнати со ѕвездите и хороскопот, сепак некогаш нешто сигурно ве тера да прочитате по нешто забавно поврзано со вашиот знак.
Со почетокот на летната сезона, овој пат се фокусираме на тоа кое грчко летувалиште би било најпогодно за вас според хороскопот.
Дали хороскопот ќе ве погоди точно во срце, или сепак е далеку од вашите желби и замисли?
Ајде да провериме...
Овен
Припадниците на овој знак сакаат незаборавен летен одмор, исполнет со пејзажи, природа, менување плажи, многу активности – во спротивно, брзо ќе им здосади.
За вас би биле погодни островите како Крит или Родос.
Бик
Родените во знакот на Бик преферираат места со завидна природа, сакаат да пливаат во мирни и бистро сини води, да уживаат во вкусна храна, но да има и спој од мир и по некоја забавна активност.
За вас е погоден Јонскиот брег, а поконкретно ви се препорачуваат островите како Закинтос, Кефалонија, Лефкада.
Близнаци
Оние кои се родени во овој знак не се многу тешки при избор на дестинација и би прифатиле што и да одбере друштвото, но важно им е да посетуваат нови места и да стекнат нова искуства и знаења.
За вас се препорачува нешто од типот на Самос, родниот остров на Питагора, малку е далечен, но има активности и многу туристички атракции за истражување.
Рак
Припадниците на знакот Рак, кога станува збор за летен одмор, бираат свои омилени места, познати дестинации, каде ќе се чувствува свој на своето и ќе евоцира семејни спомени.
За вас се препорачуваат места како островите Скопелос, Скијатос или Алонисос.
Лав
Очекувано, родените во знакот на Лав, имаат софистициран и истенчен вкус, дури и за одмор, па сакаат монденски летувалишта, каде ќе уживаат во плажа, но и во забава, како и мешање со значајни личности.
За вас први на листата се места како Миконос, Санторини или Парос.
Девица
За припадниците на Девица, мотото е – што подалеку, толку подобро. Сакаат да имаат мирен одмор, да уживаат во плажа со што е можно помалку луѓе, а уште помалку сонародници или познати личности, а околу себе да имаат природна, сонце и убаво море.
За вас се препорачува скриениот бисер на Кикладите – островот Куфониси.