Како датумот на кој сте родени влијае на вашето здравје (и какви предиспозиции за болести имате)?
Родени на: 2, 11, 20, 29 и владејачка планета: Месечина. Лицата под влијание на Месечината може да бидат почувствителни на настинки, кашлица, депресија и психолошки состојби, бидејќи Месечината ги симболизира умот и емоциите.

Дали вашата здравствена состојба е ви е предодредена од датумот на раѓање?
Дали често се соочувате со одредени здравствени проблеми?
Ако одговорот е да, сигурно се прашувате зошто ви се повторуваат истите состојби. Според нумерологијата, одговорот може да биде скриен во вашиот датум на раѓање и планетата што владее со вашиот број.
Уште на самиот почеток да нагласиме дека овие информации се засноваат на традиционални нумеролошки и астролошки верувања и не претставуваат медицински совет.
Прифатете ги како начин за забава, а за какви било здравствени проблеми, се разбира, секогаш консултирајте се со стручно медицинско лице.
Која планета владее со вас, според индискиот хороскоп?

Moжни предиспозиции за здравствени проблеми, според датумот на кој сте родени:
Родени на 1, 10, 19, 28
Владејачка планета: Сонце
Овие датуми се под влијание на Сонцето, кое ги симболизира душата, срцето и очите. Можно е да постојат проблеми поврзани со срцето и видот.
Родени на 2, 11, 20, 29
Владејачка планета: Месечина
Лицата под влијание на Месечината може да бидат почувствителни на настинки, кашлица, депресија и психолошки состојби, бидејќи Месечината ги симболизира умот и емоциите.
Родени на 3, 12, 21, 30
Владејачка планета: Јупитер
Јупитер е поврзан со црниот дроб, панкреасот и телесната тежина. Се препорачува физичка активност и грижа за овие органи.

Родени на 4, 13, 22, 31
Владејачка планета: Раху
Раху може да донесе кожни проблеми како алергии и реакции, како и психолошки предизвици.