4 месеци во кои се родени луѓето на кои им е потребно одобрување дека се на вистински пат
Октомври - Познати сте по добриот вкус, но токму тој вкус понекогаш ве кочи. Колку повеќе растете, толку почесто наместо да учествувате во работите што ги сакате, станувате само набљудувачи.

Некои луѓе имаат постојана потреба некој да им ги одобри постапките или да се уверат дека се наоѓаат на вистинскиот пат.
Иако се доволно добри, па можеби и подобри од останатите, сепак не се сигурни во себе.
На ова многу влијае и хороскопот, односно, месецот во кој се родени.
4 месеци во кои се родени луѓето на кои најчесто им треба одобрување:
Јуни
Лесно ви е да почувствувате вина. Ги гледате вашите хобија и обврски како деца на кои се трудите да не им правите разлика, па на крај имате чувство дека ниту едно не добива доволно време и внимание.
Се споредувате со други кои не жонглираат со толку работи одеднаш. Како да се лутите што некој чита побрзо од вас, а вие во исто време читате четири книги.
Потребна ви е потврда дека сте на вистинскиот пат, затоа што имате чувство дека веќе требало да бидете многу подалеку во секој аспект од животот.
Да, можеби би стигнале побрзо до некоја голема животна цел ако вложите 100% од себе само во една работа – но тогаш би морале да се откажете од сè останато.
А без тоа „сè останато“, вие не би биле вие. Ги негувате пријателствата, семејството, кариерата, љубовта, хобијата и патувањата затоа што токму тие ви даваат исполнетост.
Брзината не е суштината на вашиот животен пат, животот не е трка до целта.
Вие патувате како со туристички автобус, бидејќи имате многу што носите со себе, многу застанувања по пат и луѓе што со радост ве очекуваат.
Само треба да ја прифатите ѕвездата во себе што веќе постои.
Октомври
Се преиспитувате дали сте на вистинскиот животен пат затоа што имате многу тесно гледиште за тоа кој „припаѓа“ на одредена насока.
Познати сте по добриот вкус, но токму тој вкус понекогаш ве кочи. Колку повеќе растете, толку почесто наместо да учествувате во работите што ги сакате, станувате само набљудувачи.
Знаете многу, но ретко го применувате тоа во пракса. Посакувате животен пат во кој интересите ќе ви станат професија – спортист, писател, готвач, ТВ патувач или танчер.
Си велите дека не сте доволно среќни, доволно упорни или доволно талентирани за „конкурентни“ полиња, но животниот пат е лична приказна.
Можете да шутирате сами, да пишувате стихови што никој нема да ги прочита, да зготвите нешто што изгледа чудно, а има одличен вкус, да патувате сами или да танцувате под туш.
Можете да правите што сакате, едноставно затоа што уживате во тоа – и никој нема право да ве оценува без ваша дозвола. Уживањето не е надвор од вашиот дофат.
