4 месеци во кои се родени луѓето на кои им е потребно одобрување дека се на вистински пат

Ноември
Си поставувате многу високи стандарди и се плашите да не ги разочарате другите. Притисокот да бидете „на ниво“ може да ви ја замагли проценката и да ве натера да се двоумите.
Можеби мислите дека сте неодлучни, но често само ги мерите сопствените желби со очекувањата што мислите дека другите ги имаат од вас.
Понекогаш ни самите не знаете што сакате, затоа што долго сте се фокусирале на туѓите потреби, но никогаш не е доцна да се запознаете себеси.
Вашиот пат е да најдете баланс меѓу живот со кој ќе се гордеете и живот во кој вистински уживате.
Вашите вредности и морал ве прават тоа што сте, но не можете целосно да се жртвувате за другите. Кога ќе се почувствувате заглавени, одвојте време да го слушнете сопствениот внатрешен глас.
Научете да го разликувате од гласовите што ги впивате од околината. Секогаш постои начин да бидете добри кон другите, без да дозволите некој да ве гази.
Не треба да чувствувате вина кога избирате нешто што е добро за вас или кога правите нешто само затоа што ве радува.
Декември
Вашата разиграна надворешност крие богат внатрешен свет полн со идеи и мисли. Се прашувате дали сте на вистинскиот пат затоа што реалноста ретко изгледа како сценаријата што ги создавате во главата.
Можете да се замислите во многу различни улоги, но истовремено останувате практични и одговорни. Тип сте што би сакал да остави сè и да отпатува низ светот – но сепак останува, поради сигурноста.
Тие две страни постојано ве влечат на различни страни. Како да не сте целосно приземјени, но ни сосема слободни да „летате“.
Ќе добиете самодоверба кога ќе почнете да ги гледате своите предности онака како што ги гледаат другите.
Кога ќе престанете да се споредувате и ќе го прифатите сопственото темпо. Најдобри сте кога ќе ѝ дозволите на вашата имагинација да ве води, а срцето и умот да ја следат.
Престанете да барате инспирација насекаде – веќе ја имате во себе.
М. М. | Црнобело
