Два хороскопски знака на кои ретроградниот Меркур летово не им може ништо
Сите се плашат од ретроградниот Меркур, но има два хороскопски знака врз кои летниот ретрограден Меркур во 2026 година ќе има најмало влијание и полесно ќе пливаат низ оваа „ретроградна струја“, наместо да се борат против неа - кои се тие?

Во светот на астрологијата и планетите, Меркур има голема моќ и многумина се плашат од нејзиното ретроградно движење, заради проблемите кои најчесто ги носи.
Летово, ретроградниот Меркур трае од 29 јуни до 23 јули, а во овој период се очекуваат изместени планови и распореди, успорување на процеси и многу други работи кои одат наопаку во животот.
Сепак, не кај секој хороскопски знак влијае исто во секој период, па конкретно за ова лето, има два знака кои се исклучок и за кои се смета дека ретрограден Меркур не им може ништо.
Кои се тие?
Лав
Овој ретрограден период го става акцентот на вашиот внатрешен свет, потсвеста и потребата за повлекување, па најголем дел од неговите ефекти ќе ги чувствувате на посуптилно, потсвесно ниво.
Веројатно нема да се соочите со многу практични компликации – распоредот може да ви остане непроменет, комуникацијата да тече релативно јасно, а работите генерално да се одвиваат според планот.
Сепак, може да имате чувство дека сте изгубиле допир со еден дел од себе, поради што потешко ќе го следите сопствениот внатрешен компас.
Дали нешто длабоко во вас не ви дава мир? Дали имате чувство дека нешто ве мачи, но не можете точно да одредите што е тоа?
Не плашете се да се навратите на спомените и да ги истражите емоционалните товари што можеби сè уште ги носите со себе.
Можно е токму таму да ги пронајдете одговорите на прашања за кои не сте ни биле свесни дека ве оптоваруваат.
Риби
Ако сте верни на природата на Рибите, веројатно на животот му пристапувате поинтуитивно и се изразувате со чувства, а времето не го доживувате толку строго како другите.
Затоа практичните недоразбирања и организациските застои што ги носи ретроградниот Меркур веројатно нема да ви предизвикаат толку фрустрација како на другите знаци.
Особено во овој период, веројатно ќе забележите дека вашата секојдневна рутина нема значително да биде нарушена.
Причината е што ова ретроградно движење повторно го става фокусот на работите што некогаш ви биле вистинска страст.
Без разлика дали станува збор за стара љубов што повторно ќе ви се јави преку пораки со романтични навестувања за втора шанса, или за креативен проект што некогаш згаснал, а сега повторно оживува со нов бран инспирација, нешто што некогаш ви го исполнувало срцето најверојатно повторно ќе се појави во вашиот живот.
Од вас зависи дали ќе им дадете нова шанса на овие можности со поинаква перспектива или ќе ја потврдите својата одлука да продолжите понатаму без нив.
М. М. | Црнобело