Хороскоп за Лав


Дневен хороскоп

Лав Лав
 23.07-22.08

Дневен хороскоп за Лав - среда, 21 октомври 2020

Ѕвезда сте во друштвото и тоа се докажува одново и одново. Вашата смисла за хумор прави да ги расположите и најмрачните луѓе. На работа редно време е да побарате помош, навистина нема потреба сите тешки задачи да ги извршувате сами. Освојувате срца без проблем, но нема да се одлучите да ѝ се посветите само на една личност.

Неделен хороскоп

Лав Лав
 23.07-22.08

Љубов Работа Здравје
5 4 4

19 до 25 октомври 2020

Љубов: Најпосле помеѓу вас и саканата личност ќе дојде до опуштеноста кон која сте тежнееле. Ништо повеќе нема да биде форсирано, а деновите спонтано ќе ви носат прилики за љубов. Вашето лично нерасположение ќе доаѓа од другите подрачја на животот, па занемарете го тоа.

Работа: Работата ќе ви изгледа сѐ почудна. Сепак, тоа е само од ваша гледна точка. Сега имате доволно причини да работите на мир, но ќе биде напорно. Затоа добро организирајте се. Духот го води телото, но на телото му треба и одмор.

Здравје: Кога е здравјето во прашање, се чувствувате тромаво поради недостаток на физичка кондиција.

Совет: Вежбајте јога.

Месечен хороскоп

Лав Лав
 23.07-22.08

октомври 2020

Работа: Деловната сфера ви носи предизвици на кои не сте сметале. Ве очекува поминување на повисоко ниво. Ако имате желба да напредувате и овојпат дајте сѐ од себе, ќе успеете. Ќе треба многу труд, време и волја, но на крајот ќе бидете горди на себе. Ве очекува потпишување на договори, нови деловни понуди, како и финансиски приливи кои дополнително ќе ве мотивираат. Овој месец ќе бидете деловно врзани со странство. Ви се чини дека целата година ќе бидете на пократки патувања и тие ќе ве одржуваат во добро расположение. Така работите започнати во октомври ќе имаат добар ефект. Ќе имате самодоверба и пораст во секојa смисла на зборот. Решавањето на судските процеси во овој месец е од особена важност. Некој кој го нема решено станбеното прашање има можност овој месец тоа да го реши. Искористете го октомври за работа.

Љубов: Октомври е убав месец за љубов. Ова е месец на планирање и делување. Направете детален план за заеднички активности и цели и вредно работете на тоа. Комуникацијата е на добро ниво, конечно сте се отвориле и пристапувате искрено кон проблемите. Вие сте личност која сака тајни врски, па и овојпат ќе влезете во врска во која некогаш сте биле. Иако е малку необично со бившата љубов да имате тајна врска, тоа ќе трае многу кратко. Ова е период кога треба да ги заокружите сеќавањата и да се свртите кон себе и кон своите внатрешни вредности. Слободните Лавови кои сакаат возбуда може да очекуваат интересна средба преку пријатели. Тука е и личност која ќе биде ваша сродна душа. Лавовите кои се во брак би требало да обрнат внимание на комуникацијата со партнерот особено ако зборуваат за пари.

Здравје: Во првата половина на октомври здравјето ќе ви биде променливо, ќе имате ослабен имунитет и ќе бидете чувствителни. Можни се проблеми во пределот на зглобовите, грбот и отежната циркулација, како и варирање на крвниот притисок. Од половината на месецот ќе дојде до подобрување и стабилизација. Повеќе спијте.

Годишен хороскоп

Лав Лав
 23.07-22.08

2020

Животот ќе ви биде полн со промени во 2020-та година. Лавовите ќе бидат исполнети со виталност и енергичност, па оваа година ќе успеат да ги остварат своите сонови.

Но, исто така ќе знаат кога треба да повлечат црта и да постават граница.  Ќе ве заинтересира промена на работното место или на работната позиција.

Севкупно, 2020-та ќе биде прекрасна година за Лавовите, а како што ѕвездите предвидуваат, ќе биде клучна за внатрешен раст и напредок.

Партнерствата ќе бидат стабилни и енергични, но ќе треба да ги прифатите работите такви какви што се, а не такви какви што сакате да бидат.

 

Работа и финансии

Ѕвездите за 2020-та предвидуваат дека оваа година ќе биде најсконцентрирани досега. Иако во поголемиот дел од времето ќе имате по малку здодевни обврски, предноста е што задачите ќе бидат лесни.

Обидете да воспоставите пријателски односи со колегите и надредените. Тоа ќе создаде погоелма стабилност на работното место, па дури може и да ви помогне да се истакнете.

Лавовите оваа година ќе почувствуваат желба да заштедат некој денар, попрво отколку да трошат. Поради тоа треба да направите добар план за буџетот и да ја искористите приликата за паметни инвестиции.

Оваа година ќе се соочите со предизвици во областа на управувањето, координацијата, насочувањето и соработките. Ќе бидете ставени на тест многупати, па мора да се покажете како одговорни.

 

Љубов

За Лавовите 2020-та година ќе биде поволна и за промени на поле љубов, без разлика дали се во романтична врска, во брак или сингл.

Оваа година ќе сакате да откриете повеќе информации за вашиот партнер, што може да предизвика или работите да бидат повозбудливи или разочарувачки, во зависност од тоа што ќе откриете.

Кон крајот на летото односите ќе добијат тежина и сериозен тон на кој не сте навикнати. Но, тоа е лекцијата која ќе мора да ја научите оваа година, за сериозноста на врските и поврзаноста.

Ако сте во потрага по нова врска, најсреќни ќе бидете во минливи врски без обврски, бидејќи немате трпение за сериозни емотивни стресови. Не се препорачува врска со блиски пријатели.

 

Здравје

Лавовите во 2020-та ќе бидат поимпулсивни од вообичаено и ќе сакаат да пробуваат нови работи.

Ова ќе биде одлично за развој на вашиот ум, но и за вашето тело. Веројатно ќе најдете задоволство во промената на исхраната или ќе присвоите нова активност или нов начин на вежби.

Ќе биде посебно важно на Лавовите да не им недостасува сон, бидејќи генерално заморот ќе ви ги носи сите здравствени компликации.

Здравјето ќе биде поризично во првата половина од годината, додека втората половина од 2020-та година ќе биде во знакот на енергијата и издржливоста.

  • Horoskop-Oven
  • Horoskop-Bik
  • Horoskop-Bliznaci
  • Horoskop-Rak
  • Horoskop-Lav
  • Horoskop-Devica
  • Horoskop-Vaga
  • Horoskop-Skorpija
  • Horoskop-Strelec
  • Horoskop-Jarec
  • Horoskop-Vodolija
  • Horoskop-Ribi

Бонус хороскоп

Најчитани неделава

Најнови игри