Силната страна со која не се фалите, но другите ѝ се восхитуваат, според месецот на раѓање
Септември – луѓето постојано се прашуваат од каде ги наоѓате храброста и самодовербата да им се спротивставувате на другите.

Веруваме дека сте свесни за вашите силни страни што сакате да ги покажете пред светот.
Но, секој од нас има силна страна која не ја експонира, но другите ја забележуваат и ѝ се восхитуваат.
Која е ваша силна страна според месецот на раѓање:
Јануари
Вашата умешност е првото нешто што го забележуваат луѓето кога ќе ве сретнат.
Вашата способност да поделите нешто во помали задачи и потоа да го усовршите е фасцинантна.
Притоа, никогаш не се откажувате и постојано ги тестирате вашите граници.
Февруари
Вие правите работи што другите не ни помислуваат да ги пробаат.
Вашата сила е ваша верба во себе, но и реалистичното размислување поради кое ги знаете вашите граници.
Благодарение на ова, ретко кога се соочувате со неуспех.
Март
Вие имате моќ да забележите како се поврзани работите околу вас.
Гледате шеми, повторувања, сличности во целиот хаос и сакате да го најдете значењето зад сето тоа.
Си дозволувате да ја ги почувствувате сите емоции и никогаш не бегате од нив.
Април
Храбри сте до тој степен што можете да се соочите со вашиот најголем страв со исправена глава.
Никогаш не се откажувате без борба и ги инспирирате луѓето околу вас.
Другите навистина ви се восхитуваат.
Мај
Вие можете да ја препознаете вредноста на другите, но и кај самите себеси.
Им помагате да ги видат убавите особини кај себе и да се прифатат такви какви што се.
Вие самите сте секогаш задоволни од себе и со ова ги мотивирате другите.
Јуни
Вие знаете како да направите повеќе простор за работа, за луѓе, за емоција, за забава…
Се туркате, се трудите и покажувате дека секогаш има простор за нешто повеќе.
И, ова е особина што малкумина ја поседуваат.