Хороскоп за Вага


Дневен хороскоп

Вага Вага
 23.09-22.10

Дневен хороскоп за Вага - петок, 14 мај 2021

Мора да бидете поотворени и да ги гледате работите надвор од кутијата ако сакате да најдете некое решение. Заглавени сте бидејќи се движите постојано во истиот правец. Намалете ја тензијата околу себе. На љубовно поле побарајте совет, се сомневате во своите избори. Отсутни сте со умот и тоа може да доведе до грешка на работното место. Вратете си ја мотивацијата.

Неделен хороскоп

Вага Вага
 23.09-22.10

Љубов Работа Здравје
5 4 4

10 до 16 мај 2021

Љубов: Оптоварени сте со личност од блиското опкружување, но бидете внимателни, во прашање е само краткотрајно задоволство. На почетокот од неделата женските припадници на знакот ќе запознаат интересна личност и најверојатно ќе влезат во врска. Вагите кои се во брак или во среќна врска, може да се надеваат на убаво изненадување.

Работа: Од вас се бара поголем ангажман на работното место и дополнителни обврски во текот на целата седмица. Недоразбирањето со соработниците на почетокот од неделата може да резултира со непожелна промена на работата.

Здравје: По работниот ден неопходно е да се опуштите, да го смените опкружувањето и содржините, да се забавувате, но и добро да се наспиете. Полни сте со енергија, но немојте да се исцрпувате за да останете здрави.

Совет: Избегнувајте стресни ситуации.

Месечен хороскоп

Вага Вага
 23.09-22.10

мај 2021

Работа: Што се однесува до работата, работите се движат кон подобро. Во мај ќе имате прилика да заблескате и да бидете максимално продуктивни и организирани и ќе забележите дека токму тоа ви фалело сите овие месеци. Цврсто сте решени секој ден да дадете сѐ од себе и да го постигнете она што сте го зацртале, па добро е да останете на тој пат и да ги следите своите замисли. Овој месец имате одличен однос со колегите и тие многу ќе ви помогнат со тимската работа. Изразете ги своите идеи и спроведете ги во дело. Овој месец е добар за започнување на сопствен бизнис. Невработените Ваги ќе имаат шанса да се вработат во областа на забавата, креативноста, финансиите и услугите.

Љубов: Во вашиот живот ќе влезат нови страсти, било да сте во брак или во врска. Ќе има додворувања од сите страни и ќе уживате во вниманието од спротивниот пол. Она што треба да го преиспитате во мај е вашиот однос со партнерот, кој веќе неколку месеци е на тест. Размислете дали сакате да си дадете нова шанса или ќе биде подобро да се разделите. Одберете го она што ви го зборува срцето. Имате многу елан и енергија да работите убави и продуктивни работи, па ако вашиот партнер не е со исто расположение, најдобро е да бидете со пријателите или со семејството и да ги споделите важните моменти на кои се радувате. Во мај може да бидете често бесни и тажни поради кавги со партнерот, па важно е да се стабилизирате и да одлучите како ќе продолжите. Слободните Ваги уживаат во дружењето, но и понатаму немаат намера да започнат нова врска.

Здравје: Вашето здравје во текот на мај ќе биде главно добро и стабилно, освен што ќе чувствувате помал пад на имунитетот во првата декада кој може да ви донесе метеоропатски проблеми во случај на брзи промени на временските прилики, како и зголемен замор. Од средината на мај ќе бидете полни со енергија и ќе чувствувате потреба за повеќе движење и физички активности.

Годишен хороскоп

Вага Вага
 23.09-22.10

2021

Во 2021 на Вагите ќе им бидат широко отворени вратите за успеси и можности за унапредување, напредување, проширување и себе-издигнување.

Во март и април, притисоците ќе бидат намалените, соработките ќе се подобрат, проектите ќе вклучуваат групи, можна е работа пред публика, а ќе уживате во популарност и голема поддршка.

2021 генерално е година на професионален развој и духовно спознавање. Ќе го негувате и социјалниот живот и ќе бидете популарни во друштвото.

 

Финансии и работа

Годината може да биде одлична за зацврстување на вашата позиција и за почнување или довршување на проектите кои ви се од големо значење. Интуицијата ќе игра голема улога во одлуката за тоа која патека ќе ја одберете.

Голем број Ваги може да добијат и нови работни позиции, анализирајте добро и внимателно одберете работа која ќе ја сакате и ќе биде добра за вас од повеќе аспекти, а не да ја работите механички.

Вагите кои ќе се впуштат во приватен бизнис исто така ќе наидат на бројни можности.

Годинава не се посочени големи проблеми, но ќе има месеци кога може да ви биде малку потешка од аспект на заработување и финансии, а кај некои причината ќе биде брзото трошење. Бидете посебно внимателни во периодот од мај до јуни и во месеците август и декември.

Од крајот на септември пак, можно е да добиете зголемување на финансиите.

 

Љубов

Годината 2021 ќе биде богата со љубов, а ќе биде и совршена година за стапување во брак. Ви се советува во текот на годината да бидете поинволвирани во врската со личноста која ја сакате и да се посветите на ова поле.

Слободните Ваги ќе заведуваат и ќе бидат заведувани, тие ќе бидат среде битка да го откријат сопствениот идентитет и да дознаат што навистина сакаат.

Вагите кои се во врска ќе мора да се фокусираат на суштината на нивните односи и да откријат дека се со вистинската личност која ги сака заради тоа што се, а не заради изгледот или користа.

Можно е да поминете низ тест фаза во периодот од април до мај, кога ќе бидете предизвикувани и искушувани од други луѓе.

Мажите Ваги ќе бидат посебно разумни и свесни за тоа што се случува околу нив, но постои опасноста од мешање на вредностите, па треба да си ги поставите вистинските прашања.

Жените пак ќе мора да научат да не се уништуваат себеси, да научат почесто да кажуваат не и да почнат да гледаат поинаку на животот.

Крајот на октомври до крајот на ноември е најдобриот период за љубовниот сектор.

 

Здравје

Во 2021 месеците мај и август се два потенцијални месеци за ниска виталност и поголема ранливост, а генерално годината нема посебни предупредувања вредни за грижа.

Можно е да поминувате низ здравствени проблеми во периодите кога животот нема д ви биде во баланс и ова ќе има влијание на здравјето.

Фокусирајте се на себе, грижете се за сопственото здравје и научете дека она што го правите во секојдневието, начинот на кој ги прифаќате настаните и стресот директно ви влијаат на здравствената состојба. Имате можност да се промените и да воспоставите животен баланс.

Хранете се со храна богата со протеини, намалете ги маснотиите, шеќерот и брзата храна.

  • Horoskop-Oven
  • Horoskop-Bik
  • Horoskop-Bliznaci
  • Horoskop-Rak
  • Horoskop-Lav
  • Horoskop-Devica
  • Horoskop-Vaga
  • Horoskop-Skorpija
  • Horoskop-Strelec
  • Horoskop-Jarec
  • Horoskop-Vodolija
  • Horoskop-Ribi

Бонус хороскоп

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg

Најнови игри