Пет месеци во кои се раѓаат луѓе кои не зборуваат многу, но се паметни и постојано анализираат
Додека другите едвај чекаат да дојдат на ред за да кажат нешто, родените во јануари тивко набљудуваат. Ова не е бидејќи се срамежлив или несигурни, туку бидејќи сметаат дека нема потреба да ја споделуваат секоја своја мисла.

Некои луѓе се зборливи и како да се плашат од тишината.
Секогаш имаат нешто да кажат, дури и без многу размислување, а некогаш и вистински се борат да дојдат во збор од став дека нема да бидат слушнати.
Но, има и луѓе кои сметаат дека нема потреба од празни зборови и отвораат уста само кога навистина имаат да кажат нешто што вреди.
И, со само една реченица успеваат да се истакнат.
Пет месеци во кои се раѓаат луѓето од втората категорија:
Јануари
Луѓето родени во јануари се навистина „скржави“ со нивните зборови. Додека другите едвај чекаат да дојдат на ред за да кажат нешто, тие само тивко набљудуваат.
Ова не е бидејќи се срамежливи или несигурни, туку бидејќи сметаат дека нема поента да ја споделуваат секоја мисла што ќе им помине низ глава.
Родените во јануари сметаат и дека луѓето кои најмногу зборуваат, несвесно издаваат информации, па и тајни за нив.
Другите грешат кога мислат дека овие луѓе воопшто не се вклучени во разговорите и дека не следат што се случува.
Напротив, внимателно анализираат, а кога ќе решат да прозборат, тоа е доволно за да ги замолчи сите останати.
И, тогаш другите сфаќаат дека не молчеле бидејќи немале што да кажат, туку само собирале докази и аргументи.
Април
Луѓето родени во април можат да ги направат другите околу нив нервозни без да направат апсолутно ништо.
Не прават гримаси, не поставуваат прашања, не дофрлаат, туку само седат тивко додека другите зборуваат.
За разлика од повеќето други, луѓето родени во април слушаат за да разберат, а притоа го забележуваат и она што не било кажано.
Забележуваат ако некој премногу се двоуми, брзо менува тема, остро негира нешто или како реагира.
Тие не се пасивни во разговорите, туку сакаат да им се претставени сите можности и опции пред да одлучат што ќе кажат.
Кога конечно ќе се вклучат во разговорот, веднаш ги разоткриваат оние кои лажат или преувеличуваат, а ги поддржуваат оние кои знаат дека се искрени.

Септември
Луѓето родени во септември минуваат голем дел од животот гледајќи како другите си создаваат проблеми што лесно можеле да се избегнат.
И, бидејќи внимателно ги слушаат, јасно им е кој игнорирал упатства, кој заборавил важен рок и кој ја занемарил важноста на нешто, како документ.
Најчесто пробуваат да ги остават луѓето самите да научат од своите грешки. Сметаат дека кога еден проблем не е нивен, нема ни зошто да почнуваат да го диксутираат.
Но, кога ќе сфатат дека некој е очаен, дури тогаш одлучуваат да прозборат
Тие одамна го воочиле решението и ако сметаат дека личноста заслужува помош, веднаш ѝ помагаат.
Во очите на другите, родените во септември изгледаат и како генијалци кои имаат решение за апсолутно сè, но самите се свесни дека во голема мера, ова се должи на тоа што повеќе набљудуваат отколку што зборуваат.
Октомври
Родените во октомври се свесни дека повеќето разговори не се разговори, туку приредби.
Сите пробуваат да изгледаат попаметни, посмешни, побогати, посреќни, поуспешни… А, ова им е навистина забавно на родените во октомври.
Тие воопшто не ги осудуваат луѓето што сакаат да се покажат во подобро светло, но сакаат да набљудуваат и да забележуваат ситници што другите ги игнорираат.
Забележуваат ако имаат колега кој прегласно се смее на шегите на шефот, пријател кој лаже дека ја преболел бившата или сосед кој тврди дека парите не се важни, иако е опседнат со тоа.
Родните во октомври сакаат да ги набљудуваат овие детали, но и да откријат зошто некои луѓе се чувствуваат несигурно за некои работи.
Кога, пак, се расположени за зборување, веднаш знаат кој совет да го понудат токму поради ова.
Ноември
Навистина е тешко да ја стекнете довербата на некој роден во ноември.
Овие луѓе имаат многу познаници, поминале низ многу и знаат дека многумина имаат скриени намери.
Јасно им е дека луѓето лажат дури и кога нема потреба и можат да забележат ако некој е гневен, иако не признава.
Ова е една од главните причини зошто не се многу зборливи.
Додека повеќето веднаш реагираат, родените во ноември прво сакаат да ја разберат ситуацијата, па потоа да го кажат својот дел.
Сметат дека во голема мера, луѓето кажуваат непромислени работи бидејќи не си даваат време да анализираат.
Но, кога ќе се уверат дека некој е добра личност која не им мисли лошо, тогаш можат да бидат позборливи, а другите сфаќаат дека се меѓу ретките луѓе кои навистина обрнувале внимание на она што се случува.
Спирова С. | Црнобел