4 месеци во кои се родени луѓето кои денес треба да останат во пижами цел ден
Родени во април: Денес едноставно не сте расположени за ништо. Сонцето сјае, телефонот постојано ви ѕвони, а вие го чувствувате целиот притисок на светот да продолжите и да функционирате, но денес, само овојпат, дајте си дозвола да не го правите тоа.

Во денешново турбо темпо на живот многу луѓе се притискаат себеси да продолжат понатаму, дури и кога нивниот ум и тело бараат одмор.
Но, постојат и луѓе кои со задоволство би го минале цел ден во пижами и би се релаксирале. И тоа токму денес, токму овој ден би се го посветиле на самите себеси!
Кои се тие?
Луѓето родени во април
Денес едноставно не сте расположени за ништо. Сонцето сјае, телефонот постојано ви ѕвони, а вие го чувствувате целиот притисок на светот да продолжите и да функционирате, но денес, само овојпат, дајте си дозвола да не го правите тоа.
Дозволете му на вашето тело и ум да го добијат одморот што толку очајно го посакуваат, а сè друго нека почека до утре.
Светот нема да престане да се движи и ништо нема да биде уништено поради тоа. Сè ќе ве чека за 24 часа, а вие ќе можете да му пристапите со посвежа енергија.
Дотогаш, не правете ништо. Исклучете се. Дремнете. Движете се што е можно помалку. Размислувајте што е можно помалку.
Обидете се едноставно да постоите. Дишете мирно. Изедете ги трите оброци полека и претворете го капењето во уживање наместо во обврска.
Луѓето родени во јули
Вие сте во љубовен меур што никој не би можел да го пробие, дури и да се обиде. Премногу сте расеани за да се грижите за намирници, сметки или мејлови, и време е да земете ден за своето ментално здравје.
Пишувајте дневник. Ќе сакате да ги запомните овие први впечатоци подоцна. Спијте подолго покрај личноста што ви го преврте светот наопаку.
Нарачајте пица и гледајте филм. Разговарајте со часови, а потоа седете во совршена тишина. Слушајте ја секоја песна што ве потсетува на нешто значајно што некогаш ви се случило.
Правете сè што вашето срце го посакува, дури и ако зрелоста тоа го смета за неодговорно или мрзеливо.
Продолжете го ова чувство уште малку. Создавате спомен што ќе стане навистина драгоцен.