Хороскоп за Стрелец


Дневен хороскоп

Стрелец Стрелец
 22.11-21.12

Дневен хороскоп за Стрелец - сабота, 15 мај 2021

Нешто одвнатре ве тера да давате цинични коментари за непотребни работи. Внимавајте да не повредите некого. Најблиските ве познаваат, но не секој може да го разбере тоа. Немате пречки на патот и генерално добро се вклопувате во околината. На љубовно поле сте расположени за секакви задоволства. Сакате да учите нови работи и да пробувате нови рутини.

Неделен хороскоп

Стрелец Стрелец
 22.11-21.12

Љубов Работа Здравје
5 4 4

10 до 16 мај 2021

Љубов: Во љубовта навидум имате среќа, но ве обзела монотонија. Сакате да го средите љубовниот живот, но колку повеќе го средувате толку е покомплициран, секогаш нешто ви недостасува. Во животот на слободните Стрелци ќе се појават нови личности кои ќе донесат нови идеи и енергија.

Работа: Вашето чувство за дисциплина ќе биде на тест, затоа е неопходно подобро да се организирате. Кон крајот од неделата можни се судири со претпоставените. Немојте импулсивно да трошите пари, постојат работи кои се сега најважни и најитни.

Здравје: Немојте да се мешате во туѓите проблеми за да избегнете стрес. За вашите нерви подобра е активна забава или мир, осаменост и добар сон. Можно е да се појават хроничните проблеми, па бидете внимателни.

Совет: Одете таму каде што ви е добро.

Месечен хороскоп

Стрелец Стрелец
 22.11-21.12

мај 2021

Работа: Што се однесува до кариерата, пред вас има две можности. Една е да останете на работата на која сте сега, а втората е да ја искористите приликата и да си поставите предизвик да заблескате на работа која отсекогаш сте ја посакувале. Ќе ви треба многу храброст, трпение и сила сѐ да започнете од почеток, но вреди ако со тоа ги остварите своите соништа. Важно е да бидете истрајни и да ги почитувате своите желби и одлуки. Финансиската ситуација е стабилна, ви се советува да штедите и да го организирате трошењето. Невработените Стрелци ќе добијат можност да се вработат во областа на трговијата, јавноста, правосудството, економијата, услугите и здравството. Ако имате во план да започнете сопствен бизнис, ќе ја имате потребната поддршка.

Љубов: На Стрелците мај им носи хармонични партнерски односи, но можни се и осцилации кон крајот од месецот. Имајте на ум дека некогаш е подобро да се повлечете од кавгите и расправиите и со мирна глава да размислите пред да донесете одлука. Партнерот ќе има разбирање ако му објасните на правилен начин како се чувствувате. Ќе имате повеќе време кое ќе го поминувате со пријателите и со семејството и сега е вистинско време да се опуштите и да уживате во заедничките активности. Слободните Стрелци не се сѐ уште подготвени за врска, но ќе запознаат личност која ќе им го смени мислењето и која ќе ви се претстави во вистинско светло и ќе ви биде добар пријател, а  подоцна и нешто повеќе.

Здравје: Избегнувајте претерување со храна, пијалак и животни задоволства, контролирајте ја исхраната и шеќерот во крвта. Во првата декада од мај можни се мали минливи проблеми. Во втората половина на месецот ви се советува повеќе движење, прошетки во природа на чист воздух. Тоа позитивно ќе влијае на вашето здравје и ќе придонесе кон зајакнување на вашиот имунитет.

Годишен хороскоп

Стрелец Стрелец
 22.11-21.12

2021

2021 ќе биде година која Стрелецот ќе ја сака на секое поле, бидејќи ќе го следи среќа. Годината ќе нуди можности за патување, а ќе има и изненадувања на љубовно поле.

Септември и октомври ќе бидат месеците кои ќе ги однесат Стрелците во нова љубовна насока и ќе донесат позитивни промени.

Годината ќе ви ја одбележат возбудливи авантури, запознавање нови пријатели, нови договори, понуди за работа и партнерства, нови клиенти и натпревари со шанси за успех.

Но, до мај може да чувствувате како среќата да ве напуштила и дека тапкате во место, дури потоа ќе се истакнете и ќе ги забележите придобивките од годината.

 

Финансии и работа

Партнерствата може да ви донесат некој дополнителен приход во 2021, а кон јуни се очекува зголемување на приходот.

Во периодот од мај до јуни може да се впуштите во некои легални преговори и ќе имате шанса да затворите некои стари долгови.

Стрелците кои бараат нова работа ќе потпишат важен договор во овој период и конечно ќе најдат нешто што одговара на нивниот профил.

Првите 4 месеци од годината ќе треба да одржувате стабилен баланс, а може да го искористите периодот за надоградување и создавање пат за нешто подобро.

Од мај понатаму ве очекуваат поголеми промени, а посебно оние кои се занимаваат со образование, јавна работа, медиуми, трговија или работат за странство, ќе ги очекува голем успех.

Ќе можете да си ги покажете креативните страни, да го истакнете талентот и конечно да се впуштите кон остварување на некои цели.

 

Љубов

Освен финансиска поддршка, во периодот од мај до август, Стрелците ќе уживаат и во планетарна поддршка на поле љубов.

Оние кои ќе успеат да го искористат ова како предност, ќе имаат среќна и релаксирана година, а ќе си ги постават темелите за безгрижна иднина.

Слободните Стрелци може да се вљубат во некој кој едвај го познаваат, а ќе имаат само една цел – брак.

Некои Стрелци може да се впуштат во врска со личност која е сомнителна или плашлива.

Оваа година ќе биде важна за ова поле, но и генерално за социјалниот живот, одбележете ја со подобрување на односите со луѓето кои ги сакате.

Оние кои се во врска, во 2021 ќе минуваат низ фаза на раст, а посебно од јуни до август ве очекуваат незаборавни моменти.

 

Здравје

Важно е да го сочувате ведриот дух и позитивната енергија, како и редовно да ги правите здравствените контроли.

Оние кои спортуваат да бидат внимателни на повреди посебно во периодот на март и јуни. Деловите од телото околу колковите и бутовите ќе бидат почувствителни.

Некои стрелци пак, ќе страдаат од проблеми со варењето, а веројатно ќе треба да се откажете од некои типови храна кои ќе ви пречат.

Збогатете го менито со овошје и зеленчук и генерално здрава храна.

  • Horoskop-Oven
  • Horoskop-Bik
  • Horoskop-Bliznaci
  • Horoskop-Rak
  • Horoskop-Lav
  • Horoskop-Devica
  • Horoskop-Vaga
  • Horoskop-Skorpija
  • Horoskop-Strelec
  • Horoskop-Jarec
  • Horoskop-Vodolija
  • Horoskop-Ribi

Бонус хороскоп

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg

Најнови игри