Кои ќе бидат најсреќните датуми во јули 2026 за секој хороскопски знак?
Лавови, јули е најсреќниот месец за вас во 2026 година, а клучниот ден е 29 јули, кога можете да очекувате нова животна енергија. Кои датуми ќе бидат најсреќни за останатите знаци?

Јули 2026 година носи динамични астролошки промени за сите хороскопски знаци.
Овие промени ќе бидат особено поврзани со транзицијата на Сонцето и Јупитер во Лав, но и од влијанието на ретроградниот Меркур во јули.
И покрај промените, секој хороскопски знак ќе има по еден најсреќен датум во месецот, а дали ќе го искористите (и како), зависи исклучиво од вас.
Кои ден во јули 2026 е најсреќен за секој хороскопски знак?
Овен
Најсреќниот ден за вас е 18 јули, кога можете да очекувате ненадејни можности за напредување на работа.
Бик
За Биковите најсреќен ден во јули е 26-ти - денот носи емоционално исполнување и поволни вести.
Близнаци
Најмногу среќа месецов можете да очекувате на 29 јули, ден идеален за креативни потфати и комуникација.
Рак
Најсреќниот ден за вас месецов е 7 јули, време кога вашата напорна работа и посветеност ќе се исплатат.
Лав
Јули е најсреќниот месец за вас во 2026 година, а клучниот ден е 29 јули, кога можете да очекувате нова животна енергија.
Девица
Најсреќен ден за вас месецов е 9 јули, кога вашата стабилност и доследност конечно ќе се исплатат.
Вага
Најсреќниот период за вас доаѓа на крајот од месецот, а астролозите го издвојуваат 27 јули како најсреќен ден, кој ќе ви донесе нови финансиски можности.
Скорпија
Најсреќен ден за вас е 21 јули - тоа е идеален момент за преземање иницијатива, но и за преземање ризици.
Стрелец
Најсреќниот ден за вас е 15 јули, ден кој е одличен за проширување на вашите хоризонти, за патување или идеја за напредок во образованието.
Јарец
Најсреќниот ден за Јарците месецов е 24 јули, а ќе ви донесе долгоочекувани деловни резултати и стабилност.
Водолија
Најсреќниот ден за вас е 29 јули, кога полната Месечина во вашиот знак ќе ги донесе до израз вашите таленти.
Риби
Најсреќниот ден месецов за вашиот знак е 17 јули, а ви носи длабоко интуитивно разбирање и можности за љубов.
А. Ј. | Црнобело