Дневен хороскоп

Риби Риби
 19.02-20.03

Дневен хороскоп за Риби - понеделник, 5 јуни 2023

Често знаете да ги одолговлекувате работите до недоглед, па потребно ви е сами да си наметнете рокови. Денес сте расположени да ги провоцирате луѓето околу вас, но бидете внимателни да не навредите некого. Некои неочекувани средби ќе ве натераат да почнете да се сомневате за сопствените избори на љубовен план, но не избрзувајте да донесете заклучоци.

Неделен хороскоп

Риби Риби
 19.02-20.03

Љубов Работа Здравје
5 4 4

5 до 11 јуни 2023

Љубов: Ќе уживате во пријателски односи со саканата личност. Таа ќе ви го пружи потребното внимание и ќе успее да ве извлече од монотонијата во која сте западнале. Можеби ќе има и такви кои ќе го променат статусот. Слободните можат да очекуваат постабилни средби и емотивни моменти, како и повеќе среќа во љубовта.

Работа: Доколку сте на одмор треба навистина да се одморите, но и да размислите дали вреди да се вратите на старото работно место. Некој може да ви понуди нова можност за работа, а ако се работи за уметничка или креативна работа, размислете што е најдобро за вас. Ќе најдете начин да ја подобрите финансиската состојба.

Здравје: Зајакнете ги грбот и ’рбетот со вежбање. Не мора да чекате први во месецот за да започнете со вежбање. До крајот на овој месец почнете да се занимавате со некој спорт за да ја постигнете вашата цел.

Совет: Прошетајте пред спиење за подобар сон.

Месечен хороскоп

Риби Риби
 19.02-20.03

јуни 2023

Работа: Деловните разговори и комуникацијата може да почнат да чкрипат, доколку не ги контролирате емоционалните реакции, бесот и расправиите во деловното опкружување не се прифатливи. Контролирајте ја вашата раздразливост и не обрнувајте внимание на зајадливите забелешки. Држете се до вашата нова идеја и проект што може да ви донесе големо задоволство на работа и огромен успех, на долги патеки. Развивајте ги вашите планови полека, смислено и темелно, бидете трпеливи и не се обидувајте да  направите голем пробив со еден удар, сè во свое време. Успехот е на пат, признанијата и наградите се на пат. Направете ги потребните компромиси во работната средина и работете ја вашата работа без врева и реклами.

Љубов: Во партнерските односи, работите се еден ден горе, на седмо небо, следниот ден надолу. Можеби ќе ви биде и забавно, ако не е толку исцрпувачки и ве тера да сфатите дека ви треба мир и стабилност. Разговарајте со вашиот партнер за тоа што ја попречува вашата врска и како се чувствувате за неговата недоследност. Во тој разговор, бидете отворени да слушнете што му пречи на вашиот партнер кај вас. Ако сте сами, погледнете лево и десно за да видите што пропуштате. Водечкото прашање е зошто се сомневате во себе, во вашите квалитети и способноста да изградите и одржувате врска. Побарајте луѓе со кои сте компатибилни, наместо да се држите до оние кои веднаш ви прават пеперутки во стомакот.

Здравје: Внесете живописни бои во вашиот простор, сликајте, украсувајте. Работата за оживување на просторот ќе ве држи зафатени и ќе ја ослободи вашата креативна енергија. Направете оаза за вашиот ум, душа и тело, каде што ќе се регенерирате и ќе се опуштите после секој напорен ден.

Годишен хороскоп

Риби Риби
 19.02-20.03

2023

Астрологијата предвидува дека 2023-та ќе биде релативно мирна година за Рибите. Ќе ја поминат во учење и доусовршување на вештините, а со ова ќе се подготват за предизвиците, но и успесите што ги чекаат во наредната.

2023 година ќе го означи почетокот на важно поглавје од вашиот живот. Можно е да ви се исполнат некои од најголемите желби и ќе се подготвите да ги реализирате најважните цели. 

Годината ќе биде поволна за промени во многу области од вашиот живот, вклучувајќи ги кариерата, секојдневните навики, но и љубовта.

Важно е во текот на целата година да ја насочувате вашата енергија кон важните работи. Не им дозволувајте на емоциите да владеат со вас, туку користете ги како извор на инспирација.

На почетокот од годината ќе имате можност да се фокусирате на проект за којшто сонувате долго време. Ако сте го чекале вистинскиот миг, тоа е почетокот на 2023-та.

Можно е да ви изгледа како многу луѓе во вашиот живот да не ги исполнуваат вашите очекувања, но тогаш ќе мора да сфатите дека секој си оди по својот пат и не секој има за цел да ви наштети.

Ако премногу ви пречи однесувањето на овие луѓе, ќе мора да се дистанцирате од нив. Не заборавајте дека не можете да го контролирате однесувањето на другите и залудно е да го правите тоа.

Ако почнете да работите на нешто ново, без разлика во кој аспект од животот, првите резултати ќе ги видите кон средината на годината.

Важно е годинава да не се форсирате и да се фокусирате на две-три важни нешта, а не да пробувате да промените сè одеднаш.

За вас, 2023 ќе биде година на предизвици, но и година на многу позитивни промени.

Работа и финансии

На професионално поле, поголемиот дел од годината ќе биде без големи случувања. Но, ова ќе ви даде можност да ги преиспитате вашите постапки, да ги воочите вашите грешки, да ги исправите, а со сето ова да научите како да ги постигнете вашите цели.

Вашето семејство, но и вашите пријатели, нема да ви дадат многу поддршка, па кога станува збор за големите одлуки, најчесто ќе бидете оставени сами на себе.

Очекувате важен пресврт во вашата кариера, па 2023-та ќе биде година на подготовки. Можно е да добиете повеќе обврски на работното место, можно е да добиете унапредување, а сето ова ќе ви помогне да се подготвите за она што ќе следи.

Оваа година добро би било да научите некоја нова вештина, а доколку сте паузирале со факултет или некој курс, сега ќе имате совршена можност да завршите со образованието.

Во првата половина од годината ќе бидете малку збунети и нема да знаете што да правите. Но, веќе во втората половина подобро ќе си го организирате времето и самите ќе си го поплочите патот кон успехот.

Од финансиска гледна точка, состојбата ќе ви биде генерално добра. Сепак, можно е да имате повеќе трошоци од минатата година, особено околу вашиот дом.

Ако сте разумни со трошењето, не би требало да се соочите со финансиски проблеми. Но, ако не се контролирате, можеби ќе треба да најдете нов извор на приходи.

Од мај до крајот на годината можеби ќе се појават трошоци поврзани со усовршувањето на вашите вештини, а во овој случај вреди и да ризикувате.

Токму овие вештини ќе ви бидат од голема корист во иднина и ќе ви помогнат да стекнете финансиска независност доколку уште ја немате.

Љубов

Сè до летото, во вашиот љубовен живот ќе нема некои големи случувања.

Но, ако моментално сте во заладен однос со некои членови на семејството и си замерувате за безначајни ситници, ова дефинитивно ќе продолжи и во 2023-та.

Пробајте да го најдете коренот на овие конфликти, бидете поотворени и во втората половина од годината можеби и ќе успеете да го подобрите меѓусебниот однос.

Од јули ќе почнат да се случуваат големи промени во љубовта – некои позитивни, а некои и негативни.

Можни се проблеми со партнерот, најмногу поради лажни ветувања и идеализирање на минатото, а со тоа и превисоки, нереални очекувања.

Ако проблемите во врската се влошат премногу, некои Риби можно е да почнат и афера. Ова, секако, дополнително ќе го комплицира односот со партнерот.

Но, ако успеете да разговарате за проблемите и ги решите, голема е веројатноста во 2023-та да го направите и следниот чекор во врската.

Ако почнете да разговарате за брак, следете ја вашата интуиција и верувајте му на вашето срце.

Ако сте сингл, 2023 е одлична година за запознавање нови луѓе.

Искористете ја секоја можност за излегување и авантура и ќе бидете пријатно изненадени од многуте нови познанства.

Најголеми шанси за врска ќе имате во средината на годината. Но, ако најдете добар партнер, важно е да не брзате со одлуките и да си дадете време за размислување.

Ако почнете нова врска, можно е да се соочите со негодување од страна на родителите. До крајот на годината би требало да се помират со вашиот избор на партнер.

Здравје

Не би требало да се соочите со проблеми со здравјето.

Ако не ја запоставите физичката активност и ако го слушате вашето тело, нема да се појават никакви компликации.

Единствено можеби ќе треба да обрнете повеќе внимание на исхраната.

Во поголемиот дел од годината ќе настојувате да се прејадувате, а ова може да биде причина за вишок килограми.

Зголемената желба за храна најверојатно ќе биде предизвикана од стрес и мали проблеми со менталното здравје.

Најдете начин да се ослободите од стресот, разговарајте со професионалец доколку имате потреба, па лесно ќе се ослободите од оваа навика.

Ако веќе имате посериозни проблеми со здравјето, 2023-та најверојатно ќе биде годината кога ќе успеете да ги пребродите.


  • Horoskop-Oven
  • Horoskop-Bik
  • Horoskop-Bliznaci
  • Horoskop-Rak
  • Horoskop-Lav
  • Horoskop-Devica
  • Horoskop-Vaga
  • Horoskop-Skorpija
  • Horoskop-Strelec
  • Horoskop-Jarec
  • Horoskop-Vodolija
  • Horoskop-Ribi

Бонус хороскоп

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg