Една работа во која не верувате, но мора да ја слушнете, според хороскопскиот знак
Близнаци, не сте површни како што мислите. И вие имате длабочина.

Сите имаме никаква слика за себе и одредени верувања и ставови што го диктираат нашето однесување.
Но, некогаш овие ставови и верувања се погрешни и не ни дозволуваат да го достигнеме нашиот потенцијал.
Дури и ако ја слушнеме оваа вистина, некогаш ни е тешко да поверуваме.
Една работа што вие мора да ја слушнете, без разлика што не верувате во неа:
Овен
Не мора сами да се борите за сè. Дозволете некој да ви помогне.
Со текот на времето сте научиле да го поврзувате трудот со вредноста - ако нешто ви е важно, самите треба да се борите за тоа.
Оваа сила ви помогнала да стигнете далеку, но ве натерала да мислите дека никогаш не треба да побарате помош.
Не мора да се измачувате за секоја работа што ви е важна. Треба да дозволите и некои работи да дојдат до вас без многу премрежја.
Бик
Промената не значи загуба. Можете да созреете и да не го изгубите она што ви значи.
Стабилноста ви е особено важна. Внимателно градите, го штитите она што го имате и ја цените конзистентноста.
Поради ова, промените ви изгледаат како нешто што претставува закана за вашите темели.
Но, промените не го бришат она што сте го изградиле, туку го зголемуваат.
Нема да се изгубите себеси ако се промените, туку ќе еволуирате и уште ќе се чувствувате свои.
Близнаци
Не сте површни како што мислите. И вие имате длабочина.
Се движите брзо, размислувате брзо и се адаптирате лесно.
Поради ова, некогаш се прашувате дали луѓето околу вас ве разбираат или гледаат само некоја површна верзија.
Но, под ваша површина има многу повеќе отколку што мислите. Вашата длабочина се покажува преку начинот на којшто ги поврзувате идеите и ги разбирате другите.
Само затоа што изгледате и делувате поразлично, не значи дека немате што да понудите.
Рак
Вашите емоции се сила, а не слабост. Дозволете си да ги чувствувате.
Секоја емоција ја чувствувате многу длабоко, па со текот на времето сте научиле да се штитите.
Ги игнорирате емоциите, ги потиснувате и се сомневаат во нив.
Но, вашата емотивност не е нешто што треба да се поправи, туку е нешто на кое треба да му верувате.
Вашите емоции ве водат, ви покажуваат што е навистина важно и ве поврзуваат со другите на посебен начин.
Лав
Вие вредите и кога не им приредувате шоу на другите. Луѓето ве сакаат вас, а не вашите изведби.
Вие знаете како да заблескате, да ширите позитивна енергија и да привлечете внимание.
Но, некогаш поради ова ви се чини дека постојано мора да изведувате. Мислите дека вашата вредност е поврзана со тоа како ќе се претставите пред другите.
Луѓето кои се грижат за вас не се овде за вашите перформанси, тие се овде за вас. Не мора да ги импресионирате постојано.
Девица
Вие вредите. Не ви треба совршенство за да заслужите љубов.
Вие сте личност која забележува детали и постојано бара нешто што може да се поправи.
Сакате сè да биде „под конец“ не само за вас, туку и за луѓето што ве опкружуваат.
Проблемот е што вие ја поврзувате вашата вредност со трудот што го вложувате.
Не мора да бидете совршени за да бидете сакани и не мора да ја поправите секоја ситница за да бидете ценети.
