Колку е веројатно партнерот да ве изневери, според неговиот месец на раѓање?
Родените во декември сакаат да се сингл и да имаат опции, а ако најдат личност која им се допаѓа, може да им биде тешко да се откажат од старите навики.

Неверството е меѓу најлошите работи што може да ви ги направи партнерот и обично целосно ја уништува довербата во врската.
Па, колку се склони кон неверство луѓето, според месецот на раѓање?
Месеците на раѓање рангирани според тоа колку се верни, почнувајќи од најверните:
Септември
Луѓето роден во септември се пребирливи за сè – од храната, до декорациите во домот, а ова не ги исклучива и романтичните партнери.
Треба да се потрудите многу да освоите личност родена во септември, а штом еднаш ќе се вљуби во вас, тешко дека ќе ризикува да го изгуби тоа со неверство.
Исто така, родените во септември сакаат да следат правила, па би било несвојствено за нив да изневерат.
Јануари
Оние кои се родени во јануари обично се позатворени и тешко им е да воспостават романтична конекција. Но, штом ќе му се посветат на некој, сакаат тоа да трае.
Сериозно ја сфаќаат врската, го почитуваат партнерот, а истото го очекуваат и од него.
Единствениот проблем кај родените во јануари е тоа што можат потполно да ги игнорираат своите емоции, па ако сепак изневерат, успешно ќе го скријат чувството на вина и грешката.
Февруари
Една од главните причини зошто родените во февруари ретко изневеруваат е тоа што ретко влегуваат во сериозни врски.
За нив слободата е најважна и потребна е навистина посебна личност за да ги смири. Ако, пак, почнат врска, не сакаат да ја растурат со неверство.
Поверојатно е да раскинат доколку почувствуваат нешто за некој друг, отколку да бидат неверни.
Мај
Луѓето родени во мај се под влијание на Венера, планетата на љубовта, а ова значи дека се најсреќни кога се во сериозна врска.
Ја сакаат стабилноста што им ја носи, а нивниот партнер секогаш може да се потпре на нив.
Мала е веројатноста да изневерат бидејќи ја гледаат врската како најубавото нешто во нивниот живот.
Ако сепак изневерат, тогаш тврдоглаво ќе негираат и ќе успеат и самите да се убедат дека не направиле ништо погрешно.
Јули
Родените во јули се меѓу најгрижливите луѓе и кога се во врска, обично тие се грижат за партнерот. Имаат изразена емпатија и не би сакале да го повредат партнерот со неверство.
Но, ако сметаат дека партнерот ги искористува или не ги цени, можно е да побараат некој друг.
Сепак, обично не го сакаат целиот процес на одење на состаноци и поверојатно е да останат во лоша врска, дури и ако се осмелат да изневеруваат.
Ноември
На родените во ноември, романтичните врски им се најважниот приоритет во животот. Подготвени се да направат сè за нивниот партнер, но факт е дека некогаш не го добиваат истото внимание.
Ако почнат се чувствуваат неценето или неразбрано, тогаш ќе почнат да бараат внимание на друго место.
Истовремено, родените во ноември се одмаздољубиви, па ако партнерот ги изневери, ќе му вратат во иста мера.
