Љубовен хороскоп за мај 2026: Лавови - оваа пролет сте магнет за користољубиви личности
Девици - ве делат граници со некоја драга личност, но време е за врска на далечина, Ваги - oва ќе ви биде период полн изненадувања, но најважно е да не ѝ давате нова шанса на старата љубов, Јарци - ќе се вљубите во некој кој ви е идол на поле кариера...

Пролет е и сè е магично зарем не? Па, дури и тогаш кога не ви оди во љубовта!
Но, можеби токму овој мај ќе ви тргне со нова љубов или, пак, поставување на старата на поцврсти темели?
Какви љубовни случувања ве очекуваат?
Љубовен хороскоп за мај 2026:
Овен
Ако сте во врска
Не мора многу да го известувате семејството за односот со партнерот, бидејќи нивните коментари во последно време ве иритираат.
Врската на моменти ќе ви биде тензична и проткаена со проблеми, па нема потреба од дополнителни компликации. Сè ќе ви пречи, а ситуацијата е толку сериозна што ќе мора да одлучите сè или ништо.
Ако сте сингл
Малку сте изгубени на емотивен план и сакате повеќе од тоа што е возможно. Ќе бидете во некоја критична ситуација и ќе верувате дека има некаква завера против вас.
Ако го намалите инсистирањето сè да биде по ваше и се потпрете на вашата смисла за хумор, нова љубов ќе дојде во вашиот живот.
Бик
Ако сте во врска
Не е време за радикални одлики, разделби и сериозни разговори. Дури и да имате потреба од длабоки разговори, периодов правете ги со некој пријател.
На моменти сметате дека сте мета на емотивна манипулација, па размислете добро за насоката во која се движи вашата љубовна врска.
Ако сте сингл
Постојано доцните, постојано одложувате планови... Покажете малку иницијатива и интерес и личност од вашата околина ќе ви се отвори за чувствата кон вас.
Пријатно ви е во друштво на оваа личноста, па слободно поканете ја на излегување или патување, едноставно вклучете ја во вашиот живот и планови.
Близнаци
Ако сте во врска
Нема да успеете да го изманипулирате партнерот со солзи и со лажно каење, претставата е завршена.
Мора да размислите што и кој вистински ви значи во животот и да престанете да ја отфрлате љубовта која веќе ја имате.
Ако сте сингл
Првиот дел од месецот е добар за мали и кратки флертувачки авантури, но ништо од ова нема да прерасне во нешто сериозно.
Ќе мислите дека некој ве малтретира и гуши, но всушност вашата замисла за слободата и како треба да ви биде дозволено да живеете е малку претерана. Ќе направите драма за да привлечете внимание.