Љубовен хороскоп за мај 2026: Лавови - оваа пролет сте магнет за користољубиви личности

ljuboven-horoskop-za-maj-2026-lavovi-ovaa-prolet-ste-magnet-za-koristoljubivi-lichnosti-04.jpg

Стрелец

Ако сте во врска

Емоциите ви стануваат посилни и постабилни и ако мислите дека партнерот не ве слуша, тоа не е точно.

Само малку му е здодеана рутината, а не е дека не ве сака. Испланирајте некое патување или забавна активност заедно и уживајте во искрите одново.

Ако сте сингл

Ќе запознаете нова личност на место поврзано со забава и музика, но можно е да е дел од комплицирана и нерешена емотивна ситуација.

Размислете добро дали вреди да влегувате во љубовен триаголник или да се тргнете настрана и да дозволите времето само да покаже што и како понатаму.

Јарец

Ако сте во врска

Спремни сте да му се најдете на партнерот при рака за сè, но тој повторно смета дека ништо не е доволно.

Мудро е малку да се повлечете и да размислите дали оваа љубов вреди и дали е за до крајот на животот.

Ако сте сингл

Ќе се вљубите во некој кој ви е идол на поле кариера. Но, можно е да не е слободен и ова е однос кој комплетно емоционално ќе ве исцрпи, па бидете паметни и не се впуштајте во тоа.

Засега фокусирајте се на љубовта кон себе, а квалитетна и слободна личност ќе дојде потоа.

Водолија

Ако сте во врска

Ова е добар период за официјализирање на врската, па дури и брак.

Заедно со партнерот ќе постигнете работи за кои одамна сонувате. На моменти дури го плашите со вашата енергија, но сте во период кога верувате дека буквално можете сè.

Ако сте сингл

Вие сте слободни како птица и тоа ви се допаѓа. Многу добро знаете со кого сакате да бидете, а уште посилно со кого не сакате.

Ќе имате многу додворувачи, но вас ви треба некој директен, искрен и лојален.

Риби

Ако сте во врска

Обично партнерот е тој што е слаб и немоќен во вашиот однос, но периодов и вие се чувствувате така.

Но, тој е само збунет, а вие незадоволни од општата ситуација. Сметате дека е окупиран со својата кариера и вие сте на второ место. Мора да донесете одлука.

Ако сте сингл

Време е да го смените друштвото и да престанете да верувате дека треба да пронајдете партнер кој ќе ви биде целиот свет.

Потребно е вие да си креирате совршен и среќен свет, а партнерот само да биде надополнување на истиот.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за август 2025: Девици - верувате дека партнерот не ви е верен и ќе правите љубомор... Риби - ако сте во врска, некои од вас преку ноќ ќе решат да прекинат да се гледа...
Љубовен хороскоп за јануари 2026: Близнаци - ќе направите љубоморна сцена, само за да го тестирате п... Девици вам ви е поважна хармонијата отколку страста и токму на тој начин и ќе ба...
Љубовен хороскоп за февруари 2026: Близнаци – мора да расчистите со минатото, Бикови – паѓање во иск... Јарци - Пред вас е избор помеѓу сигурна врска и некој што ве интригира, но ...
Љубовен хороскоп за април 2026: Овни - Ако ве привлекува личност што е зафатена, не ја „отпишувајте“... Некои Ракови ќе се осмелат да влезат во паралелна врска овој април, и тоа ќе го ...
Љубовен хороскоп за ноември 2025: Бикови - ако сте во паралелна врска, можно е да излезе на виделина Некои сингл Лавови ќе имаат можност за почеток на нова врска, но ќе го избракаат...
Годишен хороскоп за 2026: Риби Љубовниот живот на Рибите во 2026 година ќе биде исполнет со силни емоции, но и ...

Најчитани неделава