Љубовен хороскоп за мај 2026: Лавови - оваа пролет сте магнет за користољубиви личности

Рак
Ако сте во врска
Ова не е време за расправии и за носење на какви било одлуки. Престанете да се натпреварувате со партнерот, ова не е вистинското време за тоа.
Можно е незадоволството од работата да го префрлате на емотивен план. Доста барате проблеми, таму каде што има хармонија – до вас е.
Ако сте сингл
Постојано се борите за својата слобода, го наметнувате своето мислење и свесно влегувате во проблеми.
Работите ги правите на свој уникатен начин и додека многумина ве сметаат за напорна личност, некому токму тие ваши карактеристики ќе му бидат магични и ќе се вљуби инстантно во вас. Погледнете со ширум отворени очи околу себе...
Лав
Ако сте во врска
На партнерот му недостига грижа од ваша страна. Пронајдете ја вистинската мерка на внимание, не му ставајте окови, но покажете му колку ви значи неговата поддршка и љубов.
Имате хармонија и љубов во свет каде површноста царува, па ценете го тоа.
Ако сте сингл
Магнет сте за користољубиви личности. Убаво е што сакате комплименти и ласкање, но загребете и под површината.
Не треба да се плашите од вистинските емоции, само треба да ги бирате вистинските личности за да си го отворите срцето.