Љубовен хороскоп за мај 2026: Лавови - оваа пролет сте магнет за користољубиви личности

Девица
Ако сте во врска
Иако врската е долга и досега ја сметавте за стабилна, ако се појави некаков проблем - не го игнорирајте.
Можно е да опстоите како пар со голема толеранција, но размислите дали вреди и дали ова е некаков тест за вашиот однос. Сè помалку чувствувате опседнатост и желба да го минувате времето заедно, размислете што значи тоа.
Ако сте сингл
Вашиот богат социјален живот ќе започне да не ве исполнува, а вие ќе имате желба да ја пронајдете вистинската личност за вас.
Можно е да ве делат граници со некоја личност што ви е драга, но можеби и конечно е време да се обидете со врска на далечина.
Вага
Ако сте во врска
Не сакате да сте личноста која доминира во врската, но некако природно ви доаѓа да го правите тоа.
Можни се проблеми месецов, бидејќи во државата ќе дојде личност од странство со која долго се допишувавте. Неверство не ви паѓа на ум, но сепак имате силни емоции за оваа личност. Размислете добро за иднината на вашата врска.
Ако сте сингл
Ова ќе ви биде период полн изненадувања, но најважно е да не ѝ давате нова шанса на старата љубов.
Можно е некогашниот партнер да го сретнете и да ви изгледа неодоливо, но потсетете се на сите страдања што ви ги приреди. Свртете го погледот на друга страна.
Скорпија
Ако сте во врска
Во последно време како да немате слух за потребите на партнерот. Сметате дека е многу подобар играч од вас за одредени работи и не можете да држите чекор со него.
Чувството дека одите во погрешна насока ќе ви се засили и ќе имате потреба од личност која ќе биде совршена по ваша мерка. Некој со слични погледи на светот... Па, можна е промена.
Ако сте сингл
Престанете да се оптоварувате со проблемите на другите и да губите време на дружби со луѓе кои се токсични за вас и ви ја одземаат енергијата.
Времето за патење заврши, доаѓа нова љубов, само дозволете ѝ да влезе во вашиот живот.