Хороскоп за Јарец


Дневен хороскоп

Јарец Јарец
 22.12-19.01

Дневен хороскоп за Јарец - среда, 21 октомври 2020

Подготвени сте за носење на некои тешки одлуки. На работа можно е да бидете дел од некои конфузни и жестоки дискусии, но трудете се да ја задржите човечноста. Не наметнувајте му се на партнерот и потрудете се да прифатите дел од работите кои не ви се допаѓаат кај него, тоа е природен процес.

Неделен хороскоп

Јарец Јарец
 22.12-19.01

Љубов Работа Здравје
5 4 4

19 до 25 октомври 2020

Љубов: Сè уште ќе бидете во искушение да се скарате, да приговарате или да ја критикувате другата страна. Можно е и обратно, другите вас да ве критикуваат. Кон крајот од седмицата почнуваат малку подобри љубовни денови, но и понатаму има можност за провокации.

Работа: Нешто ќе истражувате, но ни самите нема да бидете сигурни што е тоа. Поради тоа од време на време ќе делувате збунето, како за себе, така и на своите колеги. Прво застанете и размислете кои се вашите деловни приоритети и цели. Појасно дефинирајте ги.

Здравје: Кога е здравјето во прашање, чувствителни ви се нервите.

Совет: Немојте во ништо да брзате.

Месечен хороскоп

Јарец Јарец
 22.12-19.01

октомври 2020

Работа: Личностите родени во овој знак ќе почувствуваат потреба да вложуваат во разни проекти кои подоцна ќе се исплатат. Се чини дека овој период е погоден за Јарците поради влијанието на планетите што ја зголемува желбата и амбицијата. Секако упорноста може да ви биде пријател во втората половина од месецот кога ќе работите поенергично. Тимската работа е важна и се препорачува бидејќи така се успева во реализацијата на замислената работа и во реализација на она што се започнало. Кредити може да ви требаат, но само ако е во прашање помала количина на пари. Во работата може да ви помогне брачен пар или личност во знакот на Овен. Овој месец ја зголемува интуицијата и секој контакт со пријателите ви дава можност работата да се заврши како што треба.

Љубов: Во овој период обично се враќа старата љубов, па тоа може да биде нешто што ве прави задоволни и среќни во овој момент. Не би било лошо да се опуштите и да оставите некој да ви ги открие своите емоции. Јарците што се сами имаат прилика емотивно да се остварат со некоја личност од знакот на Риби или Водолија, но не се подготвени да влезат во врска затоа што не го преболеле бившиот партнер. Оние што се во брак или во подолга врска можат да здивнат, партнерот ќе ги израдува и ќе ги изненади со еден интересен подарок. Тоа секако може да биде и убав ресторан или пократко патување. Јарците сакаат екстремни спортови, па ова може да биде предлог за понатамошно уживање со партнерот. Забавувајте се и опуштете се, во наредните месеци нема да имате чести конфликти и расправии.

Здравје: Во текот на првата половина од октомври ќе водите повеќе сметка за своето здравје, ќе направите превентивни прегледи, ќе се храните здраво и главно ќе водите здрав живот. Физички ќе бидете подвижни и ќе наоѓате време за секојдневен одмор и релаксација. Внимавајте на настинки и проблеми со мочниот меур кон крајот од месецот.

Годишен хороскоп

Јарец Јарец
 22.12-19.01

2020

На оние кои се родени во знакот на Јарец, хороскопот за 2020-та им предвидува стабилни љубовни и пријателски односи.

Во текот на годината ќе се фокусирате на создавање свет во кој отсекогаш сте посакувале да живеете. Љубовта ќе биде поволно поле за напредок и градење поголема стабилност во 2020-та.

Ќе бидете отворени кон нови можности кои водат до зацврстување на односите и сигурност, а децата ќе играат голема улога низ наредните 12 месеци.

Исто така, не заборавајте на детето во себе и дозволете си да откривате нови работи и да се препуштите на она што ве прави среќни, како во безгрижните детски денови.

 

Работа и финансии

Во 2020-та, професионалните цели на Јарците ќе бидат појасни и дефинирани. Ќе ви бидат потребни старите контакти за да постигнете поголем успех во работата, но и создавањето на нова мрежа контакти и клиенти ќе биде неопходно.

Односот со колегите и надредените исто така треба да ви биде во фокус, ако сакате да се истакнете и покажете во добро светло.

Што се однесува до финансиите, Јарците може да искусат некои потешкотии во 2020-та, но ве очекуваат и многу позитивни можности. Не заборавајте на вашите цели и стремете се кон остварување, но имајте го обѕир вашиот буџет.

Ќе научите како подобро да управувате со буџетот, па ќе одржувате контрола за да не дојде до непосакувани ситуации.

Генерално на поле работа и финансии, нема да има некои посебни драми, истакнати успеси или падови, па држете се до една константа без многу промени. Сепак, кон крајот на годината ќе ви се отворат шанси за напредок, па размислете добро.

 

Љубов

Во 2020-та животот ќе ви се врти околу љубовното поле. Сега е време да ја крунисате љубовта ако сте во долга врска или да отидете чекор понапред, бидејќи на видик се веридби, свадби, па дури и нови членови во семејството.

Важно е во текот на 12-те месеци да одржувате меѓусебно разбирање и да не заборавате што ви е потребно меѓусебно со партнерот, за да не навлезете во непосакувани ситуации.

Ќе успеете да направите добар баланс помеѓу работата и љубовта, семејството и домот. Кон средината на годината комуникацијата уште повеќе ќе се подобри, па ќе уживате во среќни моменти.

Ако не сте во врска, а сакате, тогаш не се затворајте дома, бидејќи вашиот круг на пријатели е одличен извор за запознавање нови луѓе кои имаат потенцијал за врска.

Ќе ги ширите познанствата во текот на целата година, ќе бидете отворени и комуникативни, а тоа ќе ви донесе потенцијални партнери, со кои ќе имате многу заеднички работи. Немојте да се изненадите и ако паднете на некој со кого немате толку заеднички работи и почне да ви се допаѓа нешто сосема поразлично.

 

Здравје

Ако работите повеќе на менталното здравје и на подобрување на сопственото јас, како и на целокупната добросостојба, не значи дека треба да оставите надворешниот изглед да пати.

Првенствено заради подобро целокупно здравје, па потоа заради изглед, не заборавајте да му обрнете внимание на вежбањето и правилната исхрана.

Нема да имате посебни промени и проблеми во здравствената состојба, но сепак правете ги редовните рутински контроли.  

  • Horoskop-Oven
  • Horoskop-Bik
  • Horoskop-Bliznaci
  • Horoskop-Rak
  • Horoskop-Lav
  • Horoskop-Devica
  • Horoskop-Vaga
  • Horoskop-Skorpija
  • Horoskop-Strelec
  • Horoskop-Jarec
  • Horoskop-Vodolija
  • Horoskop-Ribi

Бонус хороскоп

Најчитани неделава

Најнови игри