Хороскоп за Овен


Дневен хороскоп

Овен Овен
 21.03-19.04

Дневен хороскоп за Овен - вторник, 26 март 2019

Среќата ќе ве следи на секој чекор денес и сега е време да размислите за некоја финансиска инвестиција. Ќе чувствувате дека сте во игра. Не се сфаќајте себеси пресериозно. Ако минувате низ романтична криза, треба да нацртате јасна линија до каде смеат да одат другите во односот со вас.

Неделен хороскоп

Овен Овен
 21.03-19.04

Љубов Работа Здравје
5 4 4

25 до 31 март 2019

Љубов: Заедно со саканата личност ќе поминувате интересни искуства во кои двете страни ќе откриваат по нешто ново. Ќе сфатите дека не само што се сакате, туку и делите многу заеднички нешта. Оние што се сами исто така ќе бидат отворени за нови искуства.

Работа: Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И останатите многу ќе работат, па нема да имаат време за размислување, ниту за согледување на својата позиција. Главно, повеќето ќе бидат добро, ќе имаат работа.

Здравје и совет: Кога е во прашање здравјето, ве очекува нестабилна состојба, пад на имунитетот и генерално околности кои може да доведат до нови проблеми со бактерии и вируси. Немојте да заборавите на редовен сон и одмор.

Месечен хороскоп

Овен Овен
 21.03-19.04

март 2019

Работа: Сè до половината на март ќе го оставате срцето, душата и потта на работа, нема да знаете каде да почнете и што се да направите. Ќе ве притискаат претпоставените, роковите и нема да ви биде воопшто лесно. Ќе ги менувате плановите во движење, ќе трчате на сите страни и сигурно е дека тоа позитивно ќе делува на вашата позиција. Се разбира можете солидно и да заработите, само немојте да правите некои непотребни драми. Од средината на месецот ситуацијата ќе биде помирна и по бурните јануарски и февруарски денови, ова ќе ви биде како мелем на рана.

Љубов: Ве очекува чуден месец исполнет со разни случувања и промени низ кои ќе поминувате со саканата личност. Добар дел од март ќе го поминете бркајќи се еден со друг, обидувајќи се да ги усогласите и своите обврски и своето време и да си овозможите повеќе заеднички моменти. Вие ќе бидете „затрупани“ со деловни обврски во првата половина од месецот, а вие ќе ги смените сите можни расположенија, од радост поради планирање на заеднички моменти, незадоволство поради тоа што никогаш немате доволно време, романтични моменти во кои ќе ве опсипуваат со внимание, љубоморни сцени, па се до расправии ако ништо не смените или ако вистински се забележи дека нешто „работите“ на страна. Искрено речено, нешто може и да погрешите, прво преку деловниот сегмент затоа што таму ќе поминувате најголем дел од времето. Слободните Овни ќе го започнат и завршат март со шанси за возбудлива авантура, дали да влезат во неа или не. Тоа најмногу ќе зависи од нив. Во меѓувреме може да се појави личност која ви нуди стабилност, нежност, па ако е тоа она што го барате, повелете. Некој од минатото ќе ве контактира кон средината на март.

Здравје: Во текот на март ќе бидете со чувствително здравје. Стресот, уморот и исцрпеноста може да го земат својот данок. Почувствителни сте повеќе отколку што мислите и би требало повеќе да внимавате. Можни се проблеми со циркулацијата и хормоните, подложност кон вирусни заболувања, зголемен умор, проблеми со варењето и намалена отпорност на стрес. Повеќе одморајте се.

Годишен хороскоп

Овен Овен
 21.03-19.04

2019

Овните во 2019-та ќе доживеат позитивност на духовно поле и ќе се чувствуваат многу посигурно и подобро.

Ќе бидете сведок на позитивни резултати и од вашата работа и ќе постигнете добра заработка, како и стабилност заради која може да напредувате на професионално поле.

Ќе почнете да живеете поздрав живот и паметно ќе ги инвестирате парите, но бидете подготвени и на неочекувани трошоци.

Во 2019-та ќе чувствувате целосно позитивна промена однатре, а ќе ви се подобрат односите и комуникацијата со најблиските.

2019-та има потенцијал да ве воодушеви на секое поле...

 

Работа и финансии

Ова е година кога ќе имате многу професионални можности, со бројни успеси, промоции, покачување на плата и напредување.

Сепак, бидете претпазливи во текот на првите месеци, но користете ги сите вештини и квалитети за да го постигнете она што сте го наумиле.

Не носете брзи одлуки кои може да доведат до загуба, бидејќи конечно ќе постигнете финансиска стабилност.

Ќе ви падне голем товар во поглед на финансиите и ќе бидете склони кон заработка од повеќе извори, но внимавајте да не тргнете во погрешен правец и трошете само на она што е навистина потребно.

 

Љубов

2019-та носи многу позитивни промени на љубовно поле, а оние кои се во сериозна врска, може да очекуваат и крунисување на љубовта.

Оние кои се слободни лесно ќе се поврзуваат со нови личности и ќе уживаат во секој момент од животот.

Оваа година за Овните може да донесе предизвици кои ќе успеете да ги надминете, а ќе научите како да реагирате во секоја ситуација за да ги задржите односите во љубовта на завидно ниво.

Сепак, во втората половина на годината, може да бидете склони кон тајни афери, но држете се настрана за да не си направите непотребни проблеми, дури и ако почувствувате мала напнатост во односите.

 

Здравје

Во 2019-та ќе го одржувате здравјето на добро ниво, ќе се чувствувате енергично и ќе бидете физички добро подготвени.

Ќе ги надминете сите проблеми кои ќе се појават и ќе имате потреба да бидете физички активни.

Оваа година полесно ќе постигнете резултати во поглед на посакуваната тежина, но колку и да се чувствувате добро, не ги занемарувајте редовните лекарски контроли.

Избегнувајте било какви ментални притисоци и внимавајте на исхраната.

  • Horoskop-Oven
  • Horoskop-Bik
  • Horoskop-Bliznaci
  • Horoskop-Rak
  • Horoskop-Lav
  • Horoskop-Devica
  • Horoskop-Vaga
  • Horoskop-Skorpija
  • Horoskop-Strelec
  • Horoskop-Jarec
  • Horoskop-Vodolija
  • Horoskop-Ribi

Бонус хороскоп

Најнови игри