Битола ќе живее во духот на Манаки

bitola-ke-zivee-vo-duhot-na-manaki

Минатата недела беше објавена програмата на 33тото. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Во 9 програмски селекции се вклучени 74 филма, од кои дури 28 се македонски, меѓу кои и филмот на отворање Трето полувреме на Дарко Митревски и филмот со кои се затвора фестивалот, Балканот не е мртов на Александар Поповски.

Годинашното, 33то издание на Фестивалот, се одржува од 15ти до 21ви септември 2012 година, традиционално во Битола, под мотото „Продолжи да создаваш“.

Трета година по ред во рамки на фестивалот ќе се одржува Вип детската програма, која од година на година привлекува се повеќе публика. На 33тото издание на Фестивалот, во рамки на детската програма ќе бидат прикажани пет детски филма. Како дополнување на детската програма, во рамки на фестивалот од страна на официјалниот партнер Вип ќе бидат организирани и детски креативни работилници, а од цртежите од работилниците ќе се организира и хуманитарна продажна изложба, во рамки на активностите од донациската акција на Фестивалот.

Дополнително, во насока на мотото на Фестивалот “Продолжи да создаваш” на редизајнираниот мобилен портал на Вип, на http://viplife.mk, поставен е промотивен банер на Фестивалот. Со кликање на истиот корисниците ќе може да ги видат четирите категории на филмови кои ќе се прикажуваат на фестивалот, како и листа на трејлери. На порталот постои опција и за симнување на трејлерите, што ќе биде бесплатно за корисниците на Вип.

- За нас во Вип оператор, вистинска привилегија е можноста да бидеме дел од создавањето, од раѓањето на уште едно издание на најреномираниот македонски филмски фестивал. Задоволството е поголемо дотолку повеќе што благодарение на ова партнерство, пред се на детската програма, изминатите три години бевме дел од поттикнувањето на нова фестивалска публика која треба да ја продолжи традицијата на создавањето на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Ние во Вип остануваме посветени да ја поддржиме оваа уникатна традиција. – изјави Никола Љушев, генерален извршен директор на Вип.

Годинава, во Битола ќе ја имаме и Кетрин Денев која е добитничка на специјалната награда „Златна Камера 300“за особен придонес во светската филмска уметност, на 33. Фестивал на филмската камера „Браќа Манаки”.

Дополнителни информации за ИФФК „Браќа Манаки“ можат да се најдат на интернет страницата www.manaki.com.mk.

Со ИФФК Браќа Манаки и Вип оператор продолжете да создавате!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Битни се малите нешта кои ги правиме за другите - обична чаша вода или покажување малку добрина... Не е битно колку даваме, туку со колку љубов тоа го правиме.
Мајка Тереза (1910-1997)