Зоран Маџиров со Ексклузивен Гала Концерт за Баерн Минхен
Синоќа во Минхен во просториите за прес и свечености на Алианс Арената, нашиот Маестро Зоран Маџиров одржа свечен Гала Концерт за фудбалскиот тим Баерн.
“Музиката на Маџиров мотивира за победа токму сега кога на нашиот тим му е најпотребна, во очи на првиот полуфинален натпревар на Лигата на Шампиони, во Вторник со моќната Барселона” – рече Франц Бекенбауер (слика 1 и 2), почесен претседател на фудбалскиот клуб Баерн и легенда на германскиот и европскиот фудбал.
“Маџиров ни доаѓа од Македонија и рецептот за неговиот успех е сличен како оној на нашиот клуб, имено напорна и издржлива работа” – се вели во понатамошното излагање на Бекенбауер.
Инаку, ова не е прво дружење меѓу Маџиров и врвот на Баерн. Минатата година тој беше почесен гостин и ексклузивен изведувач на споделувањето на успесите со Карлхајнц Румениге (слика 3)