И покрај дождот голема посетеност на Пиволенд!

Дождот не успеа да ги избрка љубителите на пивото на шестиот по ред Пиволенд. На двете фестивалски вечери и покрај лошото време беше забележана голема посетеност со повеќе од дваесетина илјади посетители и прекрасна позитивна атмосфера надополнета со хитовите на македонските изведувачи кои докажаа дека не треба да бидат игнорирани од организаторите на вакви манифестации.

i-pokraj-dozdot-golema-posetenost-na-pivolend-1

Вчерашните настапи на Некст Тајм, Тамара Тодевска со нејзиниот бенд и подршка од нејзината сеста Тијана, како и Нокаут им пркосеа на временските услови и ја размрдаа македонската публика во позитивно еуфорична атмосфера. Се пееа познатите рефрени и се наздравуваше со ладно пиво.

На четирите сцени настапија сите најавени артисти, а посетителите се забавуваа до раните утрински часови на разновидни жанрови на музика. Пиволенд шеста година по ред докажува дека е значајно надополнување на туристичката понуда на градот. Фестивалот и новиот изглед на град Скопје успеаа да ги задржат и шкотските навивачи кои можеа да се забележат на шанковите на Пиволенд како и низ Скопските улици. Посетителите покрај можноста да дегустираа различни видови на пиво имаа шанса да пробаат вкусна македонска скара од повеќе реномирани македонски ресторани.

Првите два дена од фестивалот поминаа во одличен ред без никакви проблеми, со запазување на сите фестиалски правила како и мотото на фестивалот за одговорно конзумирање пиво. Следните три дена има најава за подобри времески услови, а следат и настапи на голем број македонски изведувачи како и најавените гости од регионот. Се очекуваат уште три бомбастични Пиволендски ноќи.

i-pokraj-dozdot-golema-posetenost-na-pivolend-2

i-pokraj-dozdot-golema-posetenost-na-pivolend-3

i-pokraj-dozdot-golema-posetenost-na-pivolend-4

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Ниту едно добро дело, без разлика колку мало, никогаш не било залудно.
Езоп (околу 550 г.пр.н.е.)