4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден

Овие предлог рецепти ќе ви помогнат најдобро да ги искористите јајцата што ви останаа од велигденските празници.

recepti-od-jajca-01.jpg

Ви останаа велигденски јајца? Без грижа, секогаш има совршен начин да ги искористите.

Овие вкусни рецепти ќе им се допаднат на сите, а се брзи за подготовка.

Во продолжение неколку предлог рецепти:

Тортиљи со фил од јајца

Потребни состојки:

  • Готови или домашни тортиљи
  • 4 тврдо варени јајца
  • 150g варени компири
  • 160g мајонез
  • 300g мешан варен зеленчук (златна мешавина или друго)
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче црн бибер
  • Павлака, чили сос (по желба).

Начин на подготовка:

  • Јајцата и компирите се пасираат со виљушка во длабок сад, за да се добие изеднечена смеса, па потоа се додава мајонезот;
  • Филот се зачинува со сол и со бибер;
  • Тортиљите се премачкуваат со филот, а потоа се додава мешаниот претходно сварен и посолен зеленчук;
  • Врз готовите тортиљи може да се додаде павлака или некој сос по желба.

recept-jajca-02.jpg

Мимоза салата со шунка и парчиња сирење

Потребни состојки:

  • Зелена салата (марула)
  • 150g шунка
  • 150g сирење
  • 3 варени јајца
  • 150g мајонез
  • 1/2 лажиче сол (или по вкус)

Начин на подготовка:

  • Зелената салата се сечка, а потоа врз неа се додаваат шунката и сирењето исечкани на ситни коцкички;
  • Врз салатата се додаваат ситно исечкани варени јајца, се посолува, па потоа се додава и мајонезот и сите состојки добро се мешаат;
  • Наместо мајонез можете да користите и павлака или грчки јогурт.

recept-jajca-03.jpg

Уште два рецепти на следната страница...



Би можело да ве интересира:

3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава