4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден

Салата со јајца и туна

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 100g павлака
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица сечкан свеж магдонос
  • 2 лименки туна на парчиња
  • половина кромид
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче црн бибер

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад се мешаат павлаката, сенфот и магдоносот;
  • Туната претходно добро се процедува од маслото, а поголемите парчиња се сечкаат поситно и се додава кромидот;
  • Сите состојки се мешаат додека да се добие изедначена смеса;
  • Варените јајца се лупат, се сечкаат ситно, па се мешаат со другите состојки.
  • Доколку не сте љубител на кромид, можете да го замените со друг зеленчук по ваш избор, како краставица, зелена салата и слично.

recept-jajca-04.jpg

Полнети (ѓаволски) јајца

Потребни состојки:

  • 4 тврдо варени јајца
  • 1-2 лажици грчки јогурт
  • 3-4 кисели краставички
  • 1 конзерва сечкана туна
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/4 лажиче црн бибер.

Начин на подготовка:

  • Јајцата се лупат и со нож се сечат на половина, па од нив се вади жолчката;
  • Жолчките се ставаат во длабок сад, им се додава грчки јогурт, сол, црн бибер, рендани кисели краставички и ситно исечкана туна;
  • Сите состојки се мешаат додека да се добие изедначена смеса, па белките од јајцата се полнат со неа; 
  • Остатокот од филот можете да го сервирате со потпечено лепче или двопек.

recept-jajca-05.jpg

В. К. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава