Што ќе се случи со спортските терени од Олимпијадата?

sto-ke-se-sluci-so-sportskite-tereni-od-olimpijadata

Секогаш по завршувањето на олимписките игри во градовите- домаќини се јавуваат разни дилеми и предлози, што да се прави и како да се користат олимписките терени по завршувањето на Олимпијадата.

Атина наводно потрошила 15 милијарди долари за игрите од 2004 година, а сега голем дел од нив се напуштени. Во Пекинг не е до толку лошо, но Кинезите пак губат пари бидејќи не можат да најдат долгорочни концесионери.

Изгледа дека Лондон го решил ова со тоа што голем дел од ваквите терени се монтажни, па ќе се расклопат, додека оние трајните горе-долу се знае во какви раце ќе завршат.

Еве подетално што со овие терени:

Олимпискиот стадион: Како прво, стадионот ќе го намали капацитетот на 25.000 седишта, а за него се бара стопан. Иако, за него има заинтересирано три фудбалски тимови, рагби тим, крикет тим и лица од Формула 1, сепак неговата иднина засега е непозната.

Кошаркарската арена: Ова е најголемата привремена и монтажна арена користена на Олимпијадата. Таа ќе биде целосно демонтирана и можно е да биде испратена во Бразил за олимписките игри во 2016 година.

Теренот за одбојка на плажа: Ова беше еден од најубавите терени на олимпијадата, но ќе биде целосно срушен. Неговиот песок, речиси 4000 тони, ќе се искористи за шест спортски терени во близина на Лондон.

Водените центри: Портпаролите велат дека овие терени ќе го намалат капацитетот од 17.500 на 2.500 со отстранување на помошните странични трибини од по страните. Базените ќе се користат како јавни базени.

Стадионот за хокеј на земја: За ова има неколку дилеми. Британското здружение за хокеј на земја сакаат да го претворат местото во „Вембли стадион за хокеј“, но засега ништо не се знае.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Биди доволно голем да им служиш на другите луѓе.
Клод Пепер (1900-1989)