Луди од љубов?!

ludi-od-ljubov-povekjeНема некој што не ја слушнал фразата „луди од љубов“. Таа фраза е толку вообичаена што повеќе никој и не размислува за неа откако...


...ќе ја чуе – и онака тоа е само уште една фраза, зошто би размислувале за неа?

ludi-od-ljubov

Зошто би се прашувале дали има вистина во неа, дали љубовта и лудилото имаат некоја сличност? Не мислиме на злосторствата од страст, секако. Постои ли некоја сличност помеѓу љубовта и лудилото, односно помеѓу љубовта и некое ментално заболување?

На Универзитетот во Пиза спроведено е истражување кое на извесен начин потврдува сличност помеѓу љубовта и едно ментално заболување. Кое? Кај „тазе заљубените“ нивото на серотонин во крвта е многу пониско од нормално, дури за 40 проценти! Тоа значи дека крвната слика на „тазе заљубените“ се поклопува со крвната слика на манично депресивните личности.

Ова откритие не е некое големо изненадување, затоа што веќе е познато дека „тазе заљубените“ ја губат врската со реалноста (само во одредена мерка, се разбира).

Сега се поставува прашањето, дали заљубеноста е болест? Дали е потребно некакво лечење, терапија?

Не. Заљубеноста, дефинитивно не е болест и не треба да се третира како таква. Без било какво лечење, без интервенција од страна на лекар, нивото на серотонин ќе се врати на нормала и крвната слика ќе биде повторно нормална. Тогаш и однесувањето ќе се врати во нормала и тоа повторно без терапија.

Значи, иако состојбата на заљубеност, барем во почетокот, има извесни сличности со одредени ментални заболувања (манична депресивност), фразата „луди од љубов“ не е навистина точна – љубовта само во некои моменти личи на болест, но тоа никогаш навистина не е.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
„Свиткан мост“ – Возбудлива, но тешка секс поза, која ќе ја направат само најсилните (18+) Секс позата „свиткан мост“ бара многу сила кај двајцата партнери, особено кај ма...
Прашувам за пријател: „Можам ли да имам секс додека имам ХПВ?“ (18+) Ако ви се појавиле симптоми на ХПВ или сте дознале дека го имате вирусот преку с...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Секс поза „вагон“ – за оние кои сакаат да фантазираат за време на интимниот чин (18+) Доколку сте од оние кои сакаат да фантазираат за време на интимните мигови, оваа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Уште одамна забележав дека успешните луѓе ретко седат на страна и оставаат работите да им се случуваат. Тие излегуваат и им се случуваат на работите.
Елинор Смит