Кога ќе ми се јави пак?

koga-ke-mi-se-javi-pak-povekjeПрв состанок. Со еден збор, совршен, со бакнеж за добра ноќ кој ветува. По благата вртоглавица, почнува да ве мачи мислата – „Кога ќе ми се јави пак?


Верувале или не, постои машка формула за „следниот повик“. Доколку ја дешифрирате, ќе можете да претпоставите што се случува во машките глави додека вие не го одвојувате погледот од телефонски апарат.

Формулата е вообичаена, а не се применува по третиот или пак четвртиот состанок, барем така велат.

koga-ke-mi-se-javi-pak

Денови без повик. Многу мажи избегнуваат повици во петок или пак сабота. За да не ве вознемируваат во слободното време? Не, се разбира!

Изборот на денот и времето за вториот повик нема никаква врска со сериозноста или пак убавото однесување.

Тие сакаат да остават впечаток на многу зафатени момци, особено за време на викендот (дури и ако по цел ден се шетаат со шише пиво по дома).

Тајмингот е сè! Бидејќи претпоставуваат дека жените најчесто посакуваат повик во вечерните часови, ќе одберат период помеѓу осум и десет навечер.

Меѓутоа, внимателно ќе избегнат повици на половина или пак цел час. Ќе ви се јават во 8.23; 9.42; 10.17; било кога, само да не изгледа дека го планирале повикот.

Ќе се трудат да остават впечаток дека баш во моментот им текнало да го завртат вашиот број.

Најмалку ќе посакуваат да откриете дека со часови размислувале кога да ве побараат, што да ви кажат, како да остават впечаток дека се опуштени, забавни и ноншалантни.

Календар. Значи најмногу ноќни повици очекувајте од недела до четврток. Да речеме дека сцената од почетокот на овој текст се одвивала во понеделник вечер.

Во најдобар случај, вечерен повик можете да очекувате во среда. Поедини мажи ќе почекаат да помине еден ден, но повеќето ќе пропуштат два дена, можеби три, особено ако не е остварен некој особено отворен контакт.

Но, ако помине и четврток, најверојатно ќе мора да почекате до недела навечер. Доколку не ве повика до тогаш, гарантирано е кретен (шест дена се премногу) и тогаш воопшто не е важно што не се јавил.

Како и да е постојат исклучоци (деловен пат, скршена нога, смртен случај....), па бидете подготвени да ги сослушате.

Исклучоците го потврдуваат правилото.... Постојат и радикални момци кои не се вклопуваат во шемата, лудуваат и се јавуваат и во сабота претпладне или пак во недела попладне.

Овие момци немојте лошо да ги разберете. Тие можеби се оние што ќе ве повикаат да излезете уште наредниот ден.

Внимавајте, тоа не значи дека се фини момци, ниту пак осамени или пак очајни – значи само дека сакале да ве повикаат уште следниот ден.

Повеќето девојки сакаат момчето да им се јави уште следниот дени баш е супер кога и двајцата ќе се согласат дека првиот состанок бил супер и би сакале повторно да се видат уште следниот ден.

Сепак, немојте да ги отфрлате оние другите само затоа што почекале неколку дена. Таа формула е длабоко всадена  во машкиот свет, тоа е навика од која тешко ќе се одвикнат.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Биди доволно голем да им служиш на другите луѓе.
Клод Пепер (1900-1989)