Дали се сакате?

dali-se-sakate-povekjeДали ја почитувате својата партнерка? Ако со таа девојка излегувате само затоа што убаво изгледа, тоа сигурно не е љубов. Дали би останале...


... со неа цела вечер кога однапред би знаеле дека воопшто нема да има бакнежи, галење и секс? Не? Тоа не е љубов.

Дали сте двајцата опуштени и среќни кога сте сами, без пријателите? Ако за добра забава ви е потребно присуство од други луѓе, тогаш тоа не е љубов.

dali-se-sakate

Дали добро се сложувате? Доколку често се карате и смирувате, се задевате и се критикувате и имате испади на љубомора, бидете внимателни затоа што можеби сте поблиску до пријателството отколку до љубовта.

Ве привлекуваат ли други? Потврден одговор на ова прашање значи дека не ја сакате личноста со која сте.

Дали сте потполно искрени еден кон друг? Ако еден од вас или двајцата покажувате знаци на себичност, несигурност, затвореност во себе и неспособност да се изразат чувствата, мали се шансите вашата врска да се заснова на искрена љубов.

Дали сте реални? Ако уште некој, освен вашите родители, кои можеби се пристрасни, ви рече дека ги чуди што сте сеуште заедно, а толку сте различни, или се сомнева во вашиот избор, можеби треба да ја преиспитате својата врска.

Дали во вашата врска едната страна повеќе зема отколку што дава? Ако е така,вашата врска нема иднина без разлика колку идеално сега ви изгледа.

На крајот, сонувате ли со сегашниот партнер да ја дочекате староста и да засновате семејство? Да? И уживате во таквите сни? Тоа би можело да биде знак на вистинска љубов која што нема да се расипе со тек на времето.

По принцип „ме сака, не ме сака, ме сака, не ме сака...“, давајќи си одговори на поставените прашања многу лесно можете да откриете во која мерка сте заљубени, поточно дали тоа што го чувствувате е заљубеност или се работи за вистинска љубов.

Би можело да ве интересира:

Совети како да се зближите со партнерот на едно поинтимно ниво Интимноста е важен фактор за изградба на квалитетна и долготрајна врска. Колку с...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Кои се најдобрите секс пози, во зависност од надареноста на партнерот? (18+) Многумина сметаат дека мажите што се надарени се среќни, но тоа не е така, затоа...
Која секс поза под туш е најбезбедна и ќе ви донесе најголемо уживање, според сексолог? (18+) Безбедна секс поза и нелизгачка постилка во бањата... Што ви е потребно за сексо...
Што се случува со телото ако долго време немате секс? Висок крвен притисок и зголемен ризик од еректилна дисфункција – постојат неколк...
Знаци дека за еден пар по свадбата (најверојатно) доаѓа развод Ако едниот партнер не покажува апсолутно никаков интерес за планирањето на свадб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Надежта е мостот што нé води подалеку од губитокот и неуспехот.
Шарлота Греј