Црнец без јајца

crnec-bez-jajca-povekjeДоколку имате малку перверзен ум, не сакаме да знаеме што прво ќе ви падне на памет според насловот. Но, затоа, можеме да ви дадеме идеја...

 

...како да исполните дел од вашето време викендов.

Колку и да не ве бидува во кујна, сигурно ќе ви биде мерак да направите колаче кое има вакво интересно име нели?

Што ви е потребно?

Состојки (за тесто)crnec-bez-jajca

  • 3 јогурти (3 x 180грама)
  • 300 грама пченично брашно
  • 250 грама шеќер
  • 120 мл масло
  • 25 грама какао
  • 2 лажички сода бикарбона
  • Масло за премачкување на тавчето

Состојки (за прелив)

  • 150 грама масло
  • 150 грама чоколадо за готвење
  • 120 грама шеќер
  • 120 милилитри млеко

Подготовка:

1. Јогуртот, брашното, шеќерот, какаото и сода бикарбоната мешајте ги со миксер 2-3 минути.

2. Смесата префрлете ја во тавче со димензии 20x30 сантиметри претходно премачкано со масло и печете во рерна на 200 степени околу 20 минути.

3. Маслото загрејте го, тргнете го од рингла, измешајте го со чоколадото, шеќерот и млекото се додека не добиете глатка смеса.

4. Колачот оладете го и прелијте го со чоколадната глазура (прелив).

Може да се служи и со шлаг и сезонско овошје. Чекаме импресии!

Би можело да ве интересира:

Порано мислеле дека ја предвидува иднината - дали морничавата табла за зборување со духови навистина... Знаевте ли дека окултната табла за зборување со духови (ouija) прво се продавала...
Самоубиства, сообраќајки, убиства: Проклетството што ги следи актерите од ретро серијата „Power Rang... Еден од актерите изврши самоубиство на 50-годишна возраст, а една од актерките з...
Фотки кои ќе им предизвикаат страв од височина дури и на најхрабрите Работник на врвот на телекомуникациска антена или поправање клима на 28-ми кат –...
7 погрешни потези поради кои изгледате како неуредна и некултурна личност Тропате со лажицата по филџанот кога ставате шеќер во чајот и носите хулахопки с...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Ситуации во кои мажите често се дискриминирани, низ илустрации Срамота е мажот да заработува помалку од сопругата, тие не смеат јавно да покажу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Надежта е сама по себе вид среќа, а можеби и најголемата среќа што ја нуди овој живот...
Семјуел Џонсон (1709-1784)