Водич за почетници: Како да се грижите за лимоново дрво ако живеете во стан?

Иако на прв поглед изгледа комплицирано, не треба да сте експерт за да се грижите за лимоново дрво, дури и ако живеете во стан. Важно е само дрвото да има доволно светлина во текот на целиот ден.

vodich-za-pochetnici-kako-da-se-grizhite-za-limonovo-drvo-ako-zhiveete-vo-stan-01.jpg

Лимоновите дрвја се одлична декорација во домот, а ако се грижите добро за нив, можат да почнат и да раѓаат плод. 

Па, како да се грижите за лимоново дрво, дури и ако живеете во стан?

Лимоновите дрвја најдобро виреат надвор, но со малку труд, можете да се грижите за вакво дрво дури и ако живеете во стан.

Најважно е дрвото да добива многу сончева светлина, но и да го одберете правилниот вид.

За затворен простор, најдобри се лимоните познати како meyer.

View this post on Instagram

A post shared by Home & Garden & Neighbour's Cats (@th_is_myhome)

Ако сакате дрвото да роди побрзо, тогаш купете стебло кое е старо две-три години.

Најдобро е да го пресадите стеблото во малку поголема саксија во пролет или до средината на летото. Во овој период неговите корени растат најмногу, па тоа побрзо ќе се адаптира на новата саксија.

Пресадете го во саксија со добра дренажа, односно со поголеми дупки на дното. Ставете ја саксијата во длабок сад кој ќе ја собира водата.

Почвата во саксијата можете да ја измешате и со малку песок.

На лимоновото дрво му треба многу светлина – барем осум часа дневно. Па, ставете го на место со директна сончева светлина.

Важно е да обрнете внимание и на температурата – идеално е да биде на температура од 18 до 25 степени Целзиусови.

Избегнувајте да го ставате дрвото на места со провев, а во зима не треба да стои до грејни тела бидејќи ќе го уништат.

Лимоновото дрво не сака многу вода, но не треба да дозволите почвата целосно да се исуши. Генерално, доволно е да го наводнувате дрвото еднаш неделно или преку една недела.

Ставете доволно вода за малку да се наполни и чинијата во која стои саксијата. Оставете ја чинијата полна околу 12 часа, па истурете ја водата.

Доколку имате тераса со директна сончева светлина, препорачливо е во летните месеци да го чувате дрвото таму.

Но, ќе мора постепено да го привикнете. Односно, два-три дена оставајте го на терасата под сенка, само по час-два.

Потоа неколку дена оставајте го на директна сончева светлина по неколку часа.

Препорачливо е навечер да го внесувате внатре, во случај температурите да бидат многу ниски.

По неколку дена, можете да го оставите дрвото на тераса во текот на целото лето.

Додека дрвото е надвор, ќе треба да го наводнувате почесто, особено кога е многу жешко. За ова проверувајте ја почвата, односно не дозволувајте да се исуши целосно.

Наводнувајте го дрвото навечер или рано наутро.

Во овој период е добро да користите и ѓубриво на секои три недели. Експертите во градинарските продавници ќе ви помогнат да најдете соодветно ѓубриво.

Наесен ќе треба повторно да го навикнете на домашни услови – по неколку часа оставајте го дома на директна сончева светлина.

Најдобро е да почнете со привикнувањето барем еден месец пред да почне зимата и температурите да се спуштат многу.

Во зима и есен, доволно е да ставате ѓубриво на секои шест недели, но можете и целосно да го прескокнете.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
6 собни растенија кои лесно ќе преживеат, дури и во домот на „најнегрижливите“ На некои цвеќиња вода треба да им ставате еднаш месечно, други не бараат светлин...
Одгледување сардели: Како да се грижите за нив и кога е идеалното време да ги изнесете надвор? На сарделите најмногу им одговара светло место, но да не бидат изложени директно...
Среќен бамбус – Како да се грижите за него и зошто е добро да го имате во домот? Таканаречениот среќен бамбус може да вирее во секој дел од домот, но, според Фен...
Бети од кочанско креирала мини рај во нејзиниот двор во Франција: „Законски сме обврзани да ја косим... „Маслинката беше обична маслинка и јас си ја кроев вака на облаци. Шимширот...
Одгледување бонсаи во 6 чекори - доволно едноставни и за неискусни Одберете вид на дрво кое расте бавно, не претерувајте со наводнување и повремено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg