6 совети со кои божурите во вазна ќе останат свежи и раскошни подолго време

Што треба да направите пред да ги ставите во вазна и како треба да ги негувате божурите за да останат раскошни подолго време откако ќе ги купите?

6-soveti-so-koi-bozhurite-vo-vazna-kje-ostanat-svezhi-i-raskoshni-podolgo-vreme01.jpg

Веројатно ништо не може да внесе свежина и раскош во домот како букет расцветани божури во вазна.

Божурот е едно од најубавите пролетни цвеќиња, сезоната им трае кратко, а и брзо овенуваат откако ќе ги купите.

Со оглед на тоа што дека овој прекрасен цвет веќе може да се најде по цвеќарниците и пазарите кај нас, добро би било да знаете како да го одржувате во живот малку подолго.

Неколку совети за свежите божури да ви траат подолго кога ќе ги ставите во вазна:

Бирајте божури со пупки кои се пред отворање, а не целосно отворени (но не и тврди затворени) – за подолго да ви траат

6-soveti-so-koi-bozhurite-vo-vazna-kje-ostanat-svezhi-i-raskoshni-podolgo-vreme-04.jpg

Одберете им чиста вазна и наполнете 2/3 вода во неа, a пред да ги ставите божурите, извадете им ја хартијата

6-soveti-so-koi-bozhurite-vo-vazna-kje-ostanat-svezhi-i-raskoshni-podolgo-vreme-05.jpg

Исечете го стеблото во долниот дел 3-5cm, под агол, пред да ги ставите во вазна, за подобро да примаат вода

6-soveti-so-koi-bozhurite-vo-vazna-kje-ostanat-svezhi-i-raskoshni-podolgo-vreme-03.jpg

Ако има ливчиња во долниот дел (што ќе бидат под вода) извадете ги навреме за да не се создадат бактерии

6-soveti-so-koi-bozhurite-vo-vazna-kje-ostanat-svezhi-i-raskoshni-podolgo-vreme-02.jpg

Одберете им соодветно место – каде што нема да бидат на директна светлина, ниту изложени на провев

6-soveti-so-koi-bozhurite-vo-vazna-kje-ostanat-svezhi-i-raskoshni-podolgo-vreme-06.jpg

Менувајте ја водата во вазната на 2 дена за да ги одржите божурите здрави и свежи

6-soveti-so-koi-bozhurite-vo-vazna-kje-ostanat-svezhi-i-raskoshni-podolgo-vreme-07.jpg

M. M. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Во дворoт на Роберт во с. Новаци, битолско: Цветен рај со дрвено вовче и летниковец (фото) Кога нешто се полева со љубов, тогаш резултатот е неверојатен... Почувствувајте ...
Во дворот на Добрила и Наум од Охрид: Зелен рај со многу цвеќиња и фурна „Секое катче во дворот ни е драго, но има едно место кое ни е посебно омилено, а...
Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во ... Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи ...

Најчитани неделава