Ефикасни трикови како да го организирате плакарот

Поставете си го прашањето: „Дали сум го носел/а ова парче во последните 6 месеци?“ и одлучете дали ви е потребно.

efikasni-trikovi-kako-da-go-organizirate-garderoberot-01.jpg

Велат дека вашиот дом е продолжение на вашата личност, па ако сакате да им оставите добар впечаток на луѓето тој треба да биде беспрекорно среден.

Но, од каде да почнете? Како да се организирате со толку многу облека која не ја собира во плакарите?

Како да го организирате плакарот:

Прво, направете неред

Извадете сè од плакарот во еден куп и видете што од тоа е за фрлање или донирање. Поставете си го прашањето: „Дали сум го носел/а ова парче во последните 6 месеци?“ и одлучете дали ви е потребно.

efikasni-trikovi-kako-da-go-organizirate-garderoberot-03.png

Селектирајте

Одберете ги парчињата кои ги носите најчесто и само нив закачете ги. Убаво е облеката во плакарот да ја распоредите според боја за полесно да пронаоѓате што ви е потребно.

efikasni-trikovi-kako-da-go-organizirate-garderoberot-02.png

Спакувајте во кутии

Во обична обложена кутија за чевли или специјална кутија за складирање, можете да ги складирате малите работи како чорапи и гаќички. Гледајте сета облека да ви е зад затворени врати.

efikasni-trikovi-kako-da-go-organizirate-garderoberot-05.jpg

Грижете се за облеката

Откако направивте организација на облеката, треба да запомните дека мора да се грижите за неа. Омилениот фустан или кошула не смеат да се туткаат фрлени на столицата до вашиот кревет, тие заслужуваат почесно место на закачалка.

efikasni-trikovi-kako-da-go-organizirate-garderoberot-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 едноставни трикови со кои ќе внесете елеганција и топлина во домот Природни тонови, земјени бои, микс од стилови, украсни свеќи... Што друго ви е п...
8 едноставни трикови со кои визуелно ќе ја зголемите и најмалата соба Не ставајте голем тепих на подот и одберете понизок мебел – Постојат трикови со ...
Трикови со кои визуелно ќе ја зголемите и најмалата кујна Ставете високи столчиња, закачете огледало на еден ѕид и заменете го големиот лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg