Диета со пуканки - здраво тело за само 21 ден
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
SEO Specialist 26-10-2020


Диета со пуканки - здраво тело за само 21 ден

Главниот проблем на многу неуспешни диети се токму грицките. Но, ако имате здрава алтернатива која ќе ве засити, а нема да го промени количеството на калории, не треба да се плашите од неуспех.

dieta-so-pukanki-zdravo-telo-za-samo-21-den-01

Што да јадете за време на диетата со пуканки?

Ви советуваме здрав начин на исхрана. Внесувајте повеќе здрави оброци, наместо три поголеми.

Базирајте се на чисти протеини, житарки и многу зеленчук. Парче чисто месо е дозволено 1-2 пати во неделата, но само ако е варено или печено без масло.

Третина од порцијата нека ви зазема зеленчукот, салатите со свежо маслиново масло, а задолжително намалете го внесувањето на шеќер, брза храна и големи количини сол.

За какви пуканки се работи?

Треба да запаметите дека сите пуканки не се исти. Нема да се придржувате до диетата ако одите во кино, купите огромна кутија пуканки и ја изедете за половина час.

Во оваа диета се користат само чисти пуканки, без масло, путер и други додатоци.

Бирајте квалитетна пченка, по можност домашна. Избегнувајте да ги подготвувате пуканките во микробранова - така подготвените најчесто се нездрави и полни со скриени калории.

Една шолја обични пуканки имаат само 31 калорија и околу 0,5g масти.

Доколку ви досадат обичните, бели пуканки, додадете им зачини како цимет, кари, чили, ѓумбир...

dieta-so-pukanki-zdravo-telo-za-samo-21-den-02

Како да ја спроведете диетата?

На здравиот режим на исхрана придржувајте се точно 21 ден. Сите грицки заменете ги со пуканки и постојано нека ви бидат на дофат на рака.

Со пуканките задолжително пијте многу вода.

Би можело да ве интересира:

Диета за невести – 6-дневно мени со кое ќе бидете во форма до свадба Идните невести на кои им се ближи свадбата веројатно веќе паничат за изгледот и ...
План за поздрава исхрана, за сите кои се стрвни кога ќе видат пица или колаче Дали припаѓате во онаа група луѓе кои кога ќе видат печиво, чоколадо или колачи ...
Сонома диета – за гурмани и сите оние коишто не можат без вино Креатор на Сонома диетата е д-р Кони Гутерсен, диететичар и експерт за медитеран...

Најчитани неделава