Што се микробилки, зошто се корисни и како да ги одгледате сами?
Кои се придобивките од јадењето микробилки?
Генерално, јадењето зеленчук го намалува ризикот од разни болести, а бидејќи микробилките се уште поконцентрирани со хранливи материи, можно е овој ефект да биде засилен кај нив.
Според истражувањата, микробилките може да помогнат во борбата против:
Срцеви заболувања – можат да ги намалат нивоата на триглицеридите и лошиот холестерол.
Алцхајмерова болест – храната богата со антиоксиданти е поврзана со намален ризик од заболувања како Алцхајмер.
Дијабетес – антиоксидантите можат да помогнат во регулирање на нивото на шеќер во крвта.
Одредени видови рак – повторно поради антиоксидантите, микробилките можат да го намалат ризикот од некои видови рак.
Сепак, засега се направени релативно малку истражувања за влијанието на микробилките и не треба да ги гледате како чудотворен лек.
Туку, фокусирајте се на здрава и разновидна исхрана, а микробилките нека ви бидат додаток во салати, сендвичи и слично.
Како сами да одгледувате микробилки?
Навистина е лесно и самите дома да одгледувате микробилки бидејќи не бараат некои посебни услови, ниту голема грижа.
Ако ги чувате дома, можете да ги одгледувате во текот на целата година.
Што ќе ви треба за одгледување?
- Квалитетно семе од зеленчук, мешунки или семиња по ваш избор
- Почва за садење, богата со хумус
- Поширок и не многу длабок сад со капак
- Добро осветлено место, со 12 часа сончева светлина
Наполнете го садот со почва, но немојте многу да ја притискате и малку наводнете ја, па распоредете го семето што можно порамномерно.
Испрскајте го семето со вода (со шише ро распрскувач), па покријте го садот со капак. Можете да искористите и пластична фолија ако немате сад со капак.
Секој ден проверувајте ги микробилките и прскајте ги со вода по потреба – почвата треба да биде влажна, но не накисната.
Откако семето ќе изрти, тргнете го капакот и ставете го садот на сончево место и наводнувајте еднаш дневно.
По седум до десет дена, можете да ги наберете микробилките со ножички.
По берењето, ќе треба да посадите ново семе бидејќи растенијата се многу млади и нема да можат да пораснат повторно.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





