Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали може да „претерате“ со јадење овошје?

Најверојатно веќе знаете дека овошјето содржи многу шеќер. Шеќерот, генерално, не е здрав, па е природно да се запрашаме како влијае овошниот шеќер врз нас? Постојат дури и диети кои строго го ограничуваат консумирањето на овошјето или воопшто не го дозволуваат.

Dali moze da se pretera so konsumacija na ovosje 01

Денес, често се оди во крајност, па имате луѓе кои воопшто не јадат овошје (поради шеќер) и луѓе кои се хранат само со овошје (поради витамини и други корисни хранливи материи).

Вистинската мерка е, се разбира, некаде во средината и се разликува од личност до личност.

Овие совети ќе ви помогнат да оцените што е „вистинската“ мерка за вас:

Ограничете се на две до четири порции

Генерално, на телото му се потребни две или четири порции овошје во текот на денот. Што е „порција“? Приближно една чаша за чај (средна големина) или едно парче овошје во големина на топка за тенис.

Но ако вашето ниво на дневна активност варира во текот на неделата, се менуваат и вашите потреби. На пример, ако сте жена и јадете овошје во утринските часови, со појадок, а потоа во текот на денот како закуска (што не е лоша стратегија), кога вежбате можете да додадете и трета порција, непосредно пред тренинг.

Од друга страна, активните мажи и тинејџери треба да јадат четири порции овошје во текот на денот.

Dali moze da se pretera so konsumacija na ovosje 02

Вашите потреби за овошје зависат од вашите енергетски потреби

Овошјето е здраво, но не треба да претерате. Иако е богато со влакна, витамини и други важни хранливи материи, овошјето е и еден од главните извори на јаглени хидрати.

Едно јаболко или помала банана може да содржи околу дваесет грама јаглени хидрати. Секако дека треба да внесувате јаглени хидрати во текот на денот, тие обезбедуваат енергија за нашите клетки.

Но кога внесуваме повеќе јаглени хидрати отколку што ни треба, тие почнуваат да се „собираат“ во форма на масни наслаги.

Dali moze da se pretera so konsumacija na ovosje 03

Важно е и кога јадете

Бидејќи јаглени хидрати ни даваат енергија не е сеедно кога ќе јадете овошје. Ако сакате да јадете овошје во вечерните часови, ограничете се на една порција, на пример, една чаша јагоди или едно јаболко.

И уште нешто. Не треба да се плашите од шеќер. Проблемот го прават додадените шеќери, а не оние природни. Со други зборови, проблемот нема да го направат јагодите, туку шеќерот или шлагот што ќе го додадете.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои (позитивни) промени ќе ги забележите ако јадете побавно? Ќе ослабите, но и ќе си ја подобрите дигестијата – зошто треба да почнете да јад...
Идеи за летни собиранки: Како да сервирате овошје за гостите? (фото) Наредени на стапчиња за ражнич, исечкани уредно и спакувани во корнет или сервир...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Чоколадото „ангелска коса“ е новиот хит по „Дубаи“ – полнето е со шеќерна волна и ф'стак, чини 20 ев... Белгиското чоколадо кое се вика „ангелска коса“ внатре е полнето со шеќерна волн...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Грешки во готвењето поради кои не ви успева ниту еден рецепт Многу долго го готвите зеленчукот и им ставате масло на печурките уште на почето...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg