Роби, Сашо и Кети за камперските авантури: „Кампување на диво е рај, Ситонија е магична - инвестиравме во кампери“

Избегнувам големи кампови. Највеќе сакам да сум покрај море, но сепак секоја дестинација во природа ми е еднакво драга.
Секое кампување си носи сеќавања кои се врежуваат. Секогаш ќе сретнеш истомисленик со своја приказна-камперист и се раѓаат пријателства за цел живот.

Македонија изобилува со заборавени и запустени прекрасни локации кои не се искористени за промоција и со тимот гледаме да ги „разбрчкаме“ тие непознати места во нашата држава и со секое едно ново откриено си го полниме срцето.

Повик до сите што уште не кампуваат. Ако досега не сте го пробале ова, не чекајте – пробајте! Не морате веднаш да вложувате во кампер. Почнете со шатор, изнајмете или едноставно дојдете со нас на некоја дружба.

Би препорачале на сите кои не пробале да го пробаат ваквиот начин на одмор. Во животот секогаш секоја промена води кон добро. Не можете да изгубите, само ќе добиете.
Не сте врзани за хотелски резервации или распореди. Вашиот дом е таму каде што ќе го паркирате возилото или ќе го поставите шаторот.
Утрото не ви го расипува аларм, туку звуците на природата. Тоа е најдобриот „вентил“ за стресот од секојдневието.

Камперската заедница е полна со луѓе како нас – едноставни и искрени. Тука се раѓаат пријателства што траат цел живот.
Во Македонија имаме толку многу убави, заборавени локации што не се на мапата на туристичките агенции. Заслужувате да ги видите во живо.
Можеби звучи како шега, но кампувањето е „заразно“. Еднаш кога ќе искусите што значи да се разбудите во природа, тешко дека ќе се вратите на бетон и хотели“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело