Весна од Скопје за патувањето со крузер со деца: „Траеше 15 дена, тргнавме од Италија, ги посетивме Шпанија, Канарските Острови и Мадеира“

Каква беше храната?

Храната е навистина одлична. Имаат многу строги стандарди, затоа што доколку се случи некој пропуст, последиците би биле големи. Така што сè е безбедно, и храна и вода.

Во цената секогаш имате вклучено три оброка и ужинки, така што никогаш не може да сте гладни. Имате избор дали ќе јадете во бифе деловите или во некој од рестораните, каде си бирате сè, од предјадење до десерт.

Она што е битно е дека секој ден имате толку разновидни опции за избор. Уживање потполно и за гастрономските љубители.

vesna-od-skopje-za-patuvanjeto-na-kruzer-so-deca-11.JPG

Како се снаоѓавте за време на екскурзиите и посетите на дестинациите со деца?

Јас само еднаш земав екскурзија, организирана од нив, другото сè сама организирав. Како и секогаш (хаха).

Доколку имам повеќе време тогаш комбинирам локален превоз и правам организација. Доколку сум ограничена со време, тогаш такси и од една точка до следна.

vesna-od-skopje-za-patuvanjeto-na-kruzer-so-deca-16.JPG

Кои места ви се допаднаа најмногу?

Од крстарењата, најубавите посетени места ни се Канарските Острови и еве Ланзароте да го издвојам, со целата негова дива убавина, со пејзажите како од друга планета…

vesna-od-skopje-za-patuvanjeto-na-kruzer-so-deca-18.JPG

Дали чувствувавте дека децата се безбедни на крузерот?

Дефинитивно! На почетокот поминувате обука за реагирање во сите ситуации, така што безбедни сте во текот на целото крстарење.

Јас по толку многу патувања и после толку многу летови, некако не ги сакам авионите, тоа чувство дека немате контрола таму ми е изразено.

На крузер не е така. Таму се чувствувам навистина безбедно.

vesna-od-skopje-za-patuvanjeto-na-kruzer-so-deca-17.JPG

Што ви се допадна најмногу во целото патување и вам и на децата?

Најмногу ни се допаѓа чувството да заспиете на една дестинација, а да се разбудите на сосема друга. Тоа што сте слободни да истражувате секаде низ светот од удобноста на вашата соба.

Нема постојано пакување и препакување. Исто замислете си уживате во џакузи или базен, а всушност вие патувате кон нова дестинација.

vesna-od-skopje-za-patuvanjeto-na-kruzer-so-deca-08.JPG

Што не ви се допаѓаше? Имаше ли некоја непријатна ситуација што би ја издвоиле?

Навистина не. Можеби ако треба да издвојам, најмалку ми се допаѓаат високи бранови или многу силен ветер, но тоа е што е, се адаптираме.

Дали би препорачале патување со крузер на родители со мали деца? Дали повторно би отишле на вакво патување?

Секако! Првата можна прилика да ја зграбат. Преубаво искуство за целото семејство. И да, нашето следно крстарење е за многу брзо. Едвај чекаме!

Повеќе фотографии на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Мартина од Битола ја посети Латинска Америка: „Ми се допадна месото од лама, не ме исплашија кримина... „Во Буенос Аирес го гледав дербито Ривер - Бока и мислам дека секој вистински љу...
На одмор со Миро Кацаров во Калитеа: „Бевме со моите родители и со децата – мајка ми готвеше, не шет... „Секоја година имаме традиција, во јуни одиме на одмор со мајка ми, татко ми и д...
На одмор со Даниел Данн во Атина: „Бев сам 8 дена, плажите се убаво организирани - кафе е од 3€, леж... „Сместувањето буквално го резервирав истиот ден додека возев кон Атина. Но, врв ...
На одмор со Зорица Николовска во Ставрос: „Бевме со три деца, сe плашев како ќерката (1) ќе издржи п... „Голем предизвик беше да ги организираме тројцата да се подготвени во исто време...
Јасмина Мукаетова за Њу Џерси: „Живееме во предградие со средени тревници, училишни автобуси и има м... „Песната ме однесе низ многу меридијани, но секое патување има своја конечна дес...
Славица со семејството 2 месеци беше во Тајланд: „Има совршен оброк за 100 денари, но во ресторан со... „Животот во Тајланд започна со две болни деца, од прв ден, и ова не е некој доба...

Најчитани неделава