Весна од Скопје за патувањето со крузер со деца: „Траеше 15 дена, тргнавме од Италија, ги посетивме Шпанија, Канарските Острови и Мадеира“

„Во цената секогаш имате вклучено три оброка и ужинки, така што никогаш не може да сте гладни. На почетокот поминувате обука за реагирање во сите ситуации, па безбедни сте во текот на целото крстарење“, открива Весна од Скопје која беше на патување со крузер со нејзините деца на возраст од 9 и 13 години.

vesna-od-skopje-za-patuvanjeto-na-kruzer-so-deca-01.jpg

Весна Петрова, која работи како професорка во скопска гимназија, стои зад Инстаграм профилот Kids love traveling.

Заедно со нејзините деца, Весна патува низ светот и досега имаат посетено дури 62 држави.

Моментално децата на Весна се на возраст од 9 и 13 години, а таа ни открива дека се при крај да го срушат рекордот како најмали деца кои ги посетиле сите држави во Европа и да влезат во Гинис.

Еден од омилените начини на патување за Весна и нејзините деца е крстарењето. Досега двапати биле на вакво патување, а планираат и трето.

Во разговор со CRNOBELO.com, Весна го споделува нејзиното искуство, но открива и како изгледа патувањето на крузер со деца.

vesna-od-skopje-za-patuvanjeto-na-kruzer-so-deca-14.JPG

Целото интервју во продолжение:

Каде патувавте со крузер и колку долго траеше крстарењето? Кои земји ги посетивте?

Досега двапати сме крстареле, а летово имаме резервирано уште едно долго крстарење. Првиот пат крстарењето започна во Савона, ги посетивме Барселона и Марсеј и се вративме назад.

Следното крстарење ни беше многу подолго. Тргнавме исто од Савона, ја посетивме Малага, потоа детално ги истраживме четирите Канарски Острови – Фуертевентура, Ланзароте, Гран Канарија и Тенерифе.

Следна станица ни беше Фуншал, главниот град на островот Мадеира, кој ѝ припаѓа на Португалија.

Потоа се вративме назад во Шпанија, каде го истраживме Кадиз, па повторно ѝ се вративме на Барселона. Потоа Марсеј уште еднаш и назад во Савона.

Првото крстарење траеше 4 дена, а второто 15. Следното крстарење ќе ни биде 13 дена и ќе ги истражиме Исланд и Шкотска.

vesna-od-skopje-za-patuvanjeto-na-kruzer-so-deca-03.JPG

Како се подготвите за патувањето со деца? Што беше најголемиот предизвик при организација на ваков одмор со деца?

Моите деца патуваат уште од најмала возраст.

Кога син ми имаше две години, бевме на едно мнооогу долго патување низ Азија, така што после тие искуства таму, не се подготвувам за ниедно патување повеќе отколку што би било подготвувањето за каде било во околина.

vesna-od-skopje-za-patuvanjeto-na-kruzer-so-deca-12.JPG

Какви активности имаше на крузерот за децата?

На крузер имате буквално сè. Еден куп активности и за возрасни и за деца. Крузерот е буквално како мини верзија на некој град.

Значи секакви продавници, ресторани, игралишта, базени, теретани, пешачки или патеки за џогирање, фото студија, театри, кина, диска, фризерски, козметички салони, паркови… Сè што може да ви падне на памет…

Секоја вечер добивате програма со настани и активности за следниот ден, на кои може да присуствувате.

vesna-od-skopje-za-patuvanjeto-na-kruzer-so-deca-10.JPG

Како изгледаше еден вообичаен ден на крузерот?

Еден вообичаен ден на крузерот, зависи од тоа дали сте на море/океан или на копно.

Доколку сте во пловидба тогаш одбирате активности и настани на кои сакате да земете учество. Имате три оброка и ужинки. Така што пловите и уживате.

Доколку сте на пристаниште, тогаш одбирате што сакате да истражите од местото на кое се наоѓате.

Можете во сопствена режија, правејќи си своја рута, или можете да одберете некоја од многуте екскурзии кои ви стојат на располагање, а се во организација на компанијата за крстарење.

vesna-od-skopje-za-patuvanjeto-na-kruzer-so-deca20.JPG

Кога истражувате и сте на копно го имате цел ден да го искористите најдобро што можете според вашите желби.

Можете да бидете надвор цел ден и да јадете некаде низ местата или можете да истражувате, па да направите пауза и да се вратите на брод за да ручате.

Рестораните со преубав поглед ве очекуваат во кое било време и вработените исто. Доколку сакате можете да останете и цел ден да бидете на бродот. Значи сè е по ваша желба.

vesna-od-skopje-za-patuvanjeto-na-kruzer-so-deca-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мартина од Битола ја посети Латинска Америка: „Ми се допадна месото од лама, не ме исплашија кримина... „Во Буенос Аирес го гледав дербито Ривер - Бока и мислам дека секој вистински љу...
На одмор со Миро Кацаров во Калитеа: „Бевме со моите родители и со децата – мајка ми готвеше, не шет... „Секоја година имаме традиција, во јуни одиме на одмор со мајка ми, татко ми и д...
На одмор со Даниел Данн во Атина: „Бев сам 8 дена, плажите се убаво организирани - кафе е од 3€, леж... „Сместувањето буквално го резервирав истиот ден додека возев кон Атина. Но, врв ...
На одмор со Зорица Николовска во Ставрос: „Бевме со три деца, сe плашев како ќерката (1) ќе издржи п... „Голем предизвик беше да ги организираме тројцата да се подготвени во исто време...
Јасмина Мукаетова за Њу Џерси: „Живееме во предградие со средени тревници, училишни автобуси и има м... „Песната ме однесе низ многу меридијани, но секое патување има своја конечна дес...
Славица со семејството 2 месеци беше во Тајланд: „Има совршен оброк за 100 денари, но во ресторан со... „Животот во Тајланд започна со две болни деца, од прв ден, и ова не е некој доба...

Најчитани неделава