Анастасија Поп-Арсова живее во Франција: „Париз е центар на културата, вљубена сум во градот“


Анастасија Поп-Арсова живее во Франција: „Париз е центар на културата, вљубена сум во градот“

Ако 2020 ја сметаме за година, тогаш Анастасија Поп-Арсова (25), скоро четири години живее во Париз. 

anastasija pop arsova obozavam da go pominuvam pariz na velosiped i da peam niz negovite ulici 12

Родена e во Куманово, но за време на своите средношколски денови се преселила во Стразбур со семејството, каде поминала пет години пред да продолжи со постдипломските студии во Париз на универзитетот Сорбона. По завршување, решила да остане и сè уште живее таму.

„Во Париз прв пат дојдов на 17 години и инстантно се вљубив во градот, веднаш знаев дека еден дел од животот ќе го поминам тука. Париз е динамичен и многу раздвижен град! Најдраги ми се стекнатите пријателствата со луѓе со различни позадини и националности, сите со различна животна приказна. Се вљубив во него по моментите поминати како уличен музичар, по сите културни настани, по дружбите во омилените квартови и паркови и секако по двете години на универзитетот Сорбона, како студент по економија и менаџмент и изминатата година во која почнав да работам како бизнис девелопер во угостителскиот сектор, поточно во фирмата METRO France, каде што сум сè уште“, споделува Анастасија Поп-Арсова.

Вели дека Париз доживеал повеќе фази со различни ограничувања во текот на пандемијата. За време на првиот карантин во март, градот бил многу тивок, сите биле затворени дома, максимално внимавајќи на своето здравје.

anastasija pop arsova obozavam da go pominuvam pariz na velosiped i da peam niz negovite ulici 6

„За време на летото, по опуштањето на мерките, Париз беше прекрасно место, раздвижено, но не премногу, бидејќи сепак немаше голем број на туристи. Културните и угостителските објекти беа отворени, имавме можност да се дружиме, да отидеме на по некоја изложба или филм и сето тоа без многу метеж по градот… Вистински рај! Летото го поминавме надвор, кино на отворено, пијачка на тераса, седенки на кејот на Сена итн.

Моментално Париз е тивок и тажен. Културата и угостителството се загрозени поради нелогичните мерки кои се донесени за заштита од корона вирусот, да се надеваме дека брзо ќе заврши…“, раскажува Анастасија.

Како и секоја метропола, Поп-Арсова вели дека и Париз си ги има своите добри и лоши страни. Од работите кои ѝ се допаѓаат на прво место ја издвојува културата и уметноста и луѓето што ги има запознаено покрај нив.

„Музеи, галерии,  џез клубови… Париз е центар на културата каде што твореле сликари како Пикасо, Модиљани, музичари како Гејнсбург и други врвни уметници. Овој дух сè уште е присутен во градот и го чувствувам секогаш кога шетам на места како Латинскиот Кварт или Монмартр. На второ место: храната… како гурман многу сум среќна што живеам во град во кој гастрономијата има огромна улога.

anastasija pop arsova obozavam da go pominuvam pariz na velosiped i da peam niz negovite ulici 3

Не можам да одберам едно омилено место во Париз. Секој кварт има посебна приказна и посебна енергија. Една од омилените активности ми е да го проаѓам градот на велосипед, Од Шанзелизе до Le Marais, се чувствувам како да сум поминала низ три различни града!“, се надоврзува таа.

Она што не ѝ се допаѓа е стресот; како секоја метропола и Париз е бучен, брз, валкан, Но, она што ѝ е интересно е фактот што во околината на Париз има прекрасни места со прекрасни пејзажи и природа која е достапна за сите коишто сакаат да не бидат проголтани од големиот град.

anastasija pop arsova obozavam da go pominuvam pariz na velosiped i da peam niz negovite ulici 10

„Секој регион во Франција е посебен, со своја култура и традиција. Многу го сакам Азурниот Брег и скоро секое лето поминувам барем една недела таму! Најчесто во Ница, Монако или Ментон, каде што имам пријатели, но оваа година за прв пат бев и во Марсеј, кој е малку поразличен, но исто толку прекрасен! Бретања ми остави многу убав впечаток, со дивите плажи и средновековната архитектура. Не можам да го заборавам Алзас, каде што ги поминав моите први пет години во Франција. Стразбур и околните градови и села се прекрасни места за посета, со архитектура како од бајките на Дизни и со комбинирана култура од Франција и Германија“, се присетува таа.

Како и во секој град, така и во Париз има секакви луѓе со различна заднина. Многумина од нив доаѓаат од други градови за студии или работа. Некои од нив си ги задржуваат карактеристиките и начинот на однесување од сопствениот регион, а другите го попримаат парижанскиот менталитет.

Таа вели дека типичниот парижанец е страстен, секогаш зафатен, со мислење за сè и по малку арогантен. Типичен Парижанец може да помине цело попладне жалејќи се колку работа има наместо да го искористи тоа време и да ја заврши истата.

anastasija pop arsova obozavam da go pominuvam pariz na velosiped i da peam niz negovite ulici 8

„Со музика се занимавам уште од мала, своите први групи ги имам основано во Куманово каде на времето правевме свирки во Кјуб, Корзо и Касапски Круг. Бидејќи моментално немаме можност да организираме свирки, концерти и улични настапи, времето највеќе го посветувам на креирање и спремање на преработки.

Пред неколку месеци направив преработка на песната Landslide од Fleetwood Mac, која можете да ја слушнете на YouTube! Исто така спремам и нова песна со спот во соработка со мојот пријател Owl диџеј и продуцент во Монако, кој го запознав на еден од моите улични спектакли на Азурниот Брег. Песната се вика Garden и ќе излезе во март“, споделува Анастасија.

Поп-Арсова вели уличен музичар во Париз е многу интересна, но и напорна работа. Досега има настапувано во четири градови: Стразбур, Париз, Ница и Ментон, и секој град е со различна енергија, различна публика и различни случки! Она што највеќе ѝ се допаѓа е запознавањето на луѓе за време на настапите.

Досега има запознаено многу музичари, продуценти, уметници… Ја радува кога луѓето застануваат да ја слушнат со насмевка, посебно дечињата кои многу често се возбудуваат и играат околу неа. Ја исполнува кога знае дека некому му го разубавува денот со музика.

anastasija pop arsova obozavam da go pominuvam pariz na velosiped i da peam niz negovite ulici 7

За неа напорниот дел е носењето на опрема низ градот. Многу им е благодарна на пријателите што често доаѓаат да ја поддржат за време на настапите. Но, понекогаш е тешко да се најде убаво место за свирење бидејќи кога времето е пријатно уличните музичари се будат од зимски сон и атрактивните локации речиси секогаш се зафатени.

„Многу работи имам на агендата кога светот ќе се врати во нормала, а се надевам и луѓето. Првото нешто кое ми е на списокот е патувањето. Има многу места кои би сакала да ги посетам, како Азија и Јужна Америка и се надевам дека набргу ќе можеме да си ги дозволиме овие подолги патувања. Ќе одам на многу фестивали и концерти; како голем љубител на музиката, концертите и фестивалите се нешто што премногу ми недостасува.

И секако, обичните мали нешта што секојдневно нѐ исполнуваат во животот, а не можеме да ги правиме поради пандемијата, како на пример да излезам на пијачка со пријателите или во некој добар ресторан, да гледам филм во кино и да отидам на некоја убава изложба или спектакл. Едноставно да излезам без да мислам на маски и средства за дезинфекција. ЕДВАЈ ЧЕКАМ“, го завршува разговорот Анастасија Поп-Арсова.

anastasija pop arsova obozavam da go pominuvam pariz na velosiped i da peam niz negovite ulici 4

anastasija pop arsova obozavam da go pominuvam pariz na velosiped i da peam niz negovite ulici 4

anastasija pop arsova obozavam da go pominuvam pariz na velosiped i da peam niz negovite ulici 4

anastasija pop arsova obozavam da go pominuvam pariz na velosiped i da peam niz negovite ulici 4

anastasija pop arsova obozavam da go pominuvam pariz na velosiped i da peam niz negovite ulici 4

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Патувањето на Around Gaia продолжува: „Комбето е сега наш дом и ќе посетиме што е можно повеќе места... Да се патува четири години со мотор, да се живее од ден за ден, да се посетат 70...
Кико Митев: „Бев меѓу последните туристи на Мачу Пикчу пред да го затворат поради короната“ Постојат луѓе кои не се плашат да експериментираат со животот, да менуваат среди...
Ивана Младеновска: „Малта е преполна можности, мана се само сообраќајниот метеж и влажноста“ Секој си го следи животниот пат. И пробува колку што е можно повеќе да се придрж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg