Снежана Анастасова Чадиковска, пијанист: Пишувањето автобиографија подразбира „копање“ по сопствената душа и минатите времиња

„Имајќи ја можноста да живеам во Југославија и Република Македонија, да соработувам со многу музичари и институции од овие земји, во период од повеќе од 50 години, сфатив дека е значајно да забележам работи кои не треба да се заборават“, вели пијанистката Снежана Анастасова Чадиковска за автобиографијата „Боите на мојата музика“ која ќе ја промовира на 27 јули во Охрид.

snezhana-anastasova-chadikovska-pijanist-pishuvanjeto-avtobiografija-podrazbira-kopanjee-po-sopstvenata-dusha-i-minatite-vreminja-01.jpg

Снежана Анастасова Чадиковска е истакната македонска пијанистка, пијано педагог, музички публицист, музички аниматор и организатор. Добитник е на државната награда Св. Климент Охридски во 2021 година.  

Таа ја напиша автобиографската книга „Боите на мојата музика“, која на 27 јули 2023 ќе ја промовира во црквата Св. Софија во Охрид.

Ова беше доволен повод да поразговараме со неа, а во интервјуто за CRNOBELO.com Снежана ни раскажа интересни детали за својата автобиографија:

Од каде потекна идејата за да напишете автобиографска книга? Што сè ќе може да се прочита во „Боите на мојата музика“?

Пишувајќи ги монографиите за нашите видни уметници Милка Ефтимова, Фимчо Муратовски, Георги Божиков и Зина Креља, како и неколкуте публикации за наши видни музички институции, во кои предничат четирите книги за фестивалот „Охридско лето“, на некој начин многу опипливо го осознав значењето на документот.

Имајќи ја можноста да живеам во две земји (Југославија и Република Македонија), да соработувам со многу музичари и институции од овие земји, регионот и пошироко, во период од повеќе од 50 години, одбележани со значителен број активности и случувања, во еден момент сфатив дека е значајно да забележам работи кои не треба да се заборават – податоци за концертната сцена, развојот на пијано педагогијата во Македонија, зачетоците на нашите меѓународни соработки, за фестивалот „Охридско лето“, за Музичката младина на Македонија, за редакцијата за сериозна музика на МРТВ и нејзината работа во едни поинакви времиња, услови и програмски интереси.

Дозволете да го употребам мотото на автобиографијата на големиот Бенвенуто Челини (без никаква претензија да се споредувам со неговата светски позната големина): Уметникот по природа на својата работа има остро око и жив дух. Тој е должен да зборува за времето и настаните на кои бил сведок и оставил печат.

Тешко е на кусо да ја раскажам целата книга, но таа го опфаќа моето предземјотресно детство во родниот град Скопје (би рекла сосема поинакво од она кое денес го знаеме), начинот на кој се реализирала желбата на едно дете и млад човек да стане професионален музичар – пијанист, неговата комуникација и доживување на околината, на собитијата, на музичката уметност воопшто.

snezhana-anastasova-chadikovska-pijanist-pishuvanjeto-avtobiografija-podrazbira-kopanjee-po-sopstvenata-dusha-i-minatite-vreminja-04.jpg

Тешко ли беше на едно место да ги преточите во зборови сите поважни доживувања од вашиот живот? Држејќи ја книгата во рака, колку сте задоволна?

Се надевам дека е јасно – еден човеков живот со сите радости, таги, празнувања и пријателувања, може да се раскаже во повеќетомен роман, но никако на 300 страници. Затоа, ги избрав клучните моменти од мојот професионален и личен живот.

Освен тоа, ја избрав формата да направам таксативен преглед на моето творештво (концертната и педагошката дејност како и публицистичката работа), респределено во пет активни децении, давајќи му доволно простор на описот на она најинтересното за своите времиња – новото и оригиналното.

Всушност, значењето на отворениот човеков ум, потребата за постојано учење, љубопитноста и истражувањето вткаени во храбрите чекори, кои отвораат нови патишта и градат мостови меѓу луѓето и времињата.

Книгата изобилува со бројни оргинални фотографии кои го дополнуваат она што зборот не секогаш може да го каже.

Процесот на создавање на едно дело, вклучително и оваа книга, е секогаш специфичен, комплексен, а воедно и инспиративен.

Да одговорам конкретно на вашето прашање – многу сум задоволна.

Книгата ми предизвикува нови размислувања, мотивира за нови дела. Последниот збор, секако, го оставам на читателите.

snezhana-anastasova-chadikovska-pijanist-pishuvanjeto-avtobiografija-podrazbira-kopanjee-po-sopstvenata-dusha-i-minatite-vreminja-08.jpg

Има ли некоја приказна раскажана во книгата, а за која и пред да започне самиот процес на пишување, знаевте дека мора да ја споделите со читателите? Ќе ни ја раскажете ли накратко?

Пред да започнам да пишувам што било, имам обичај во умот да ги склопам сите делови на целото.

На сите ни е јасно дека тоа подразбира не секогаш лесно „копање“ по сопствената душа и минатите времиња. Но, еве една приказна која се однесува на еден за мене нов и прекрасен творечки период – создавањето на циклусот „Приказни од пијаното“, прв таков во Македонската телевизија кој воедно претставува и соработка со прекрасниот режисер Ербиљ Алтанај.

Тој говореше малку македонски, а јас сосем не говорам турски – но и покрај тоа одлично се разбиравме.

Еве ја приказната:

snezhana-anastasova-chadikovska-pijanist-pishuvanjeto-avtobiografija-podrazbira-kopanjee-po-sopstvenata-dusha-i-minatite-vreminja-09_copy_copy_copy.jpg

snezhana-anastasova-chadikovska-pijanist-pishuvanjeto-avtobiografija-podrazbira-kopanjee-po-sopstvenata-dusha-i-minatite-vreminja-10_copy_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Сипхокази Трпкоски од Јужноафриканска Република е македонска снаа: „Сакам пастрмалија и ракија, Охри... „Македонската свадба е за мене е најубавата македонска традиција. Многу е убаво ...
Французинката Олга 2 пати го посети Скопје: „Македонците се прекрасен народ“ „Ми се допадна културата, мешавина помеѓу оксидент и ориент, природата, византис...
Паша од Тајланд ја посети Македонија: „Бев на свадба кај најдобрата другарка Македонка, восхитена су...  „Македонците навистина ги почитуваат и им помагаат на постарите луѓе. Тоа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg