Марк и Гони од Холандија се преселија во Македонија: „Имаме своја пекарница, земјата е преубава“

„По првиот одмор во Македонија во 2015-та, одлучивме повторно да се вратиме. Па, вториот стана трет, па четврти… Купивме викендичка овде која набрзо ни се претвори во постојан дом“, раскажуваат Марк и Гони од Холандија кои живеат во село во близина на Охрид каде имаат и пекарница.

mark-i-goni-od-holandija-se-preselija-vo-makedonija-imame-svoja-pekarnica-zemjata-e-preubava-01.jpg

Марк и Гони Дијкстра од Холандија во 2022 година одлучиле да се преселат во Македонија.

Овде купиле куќа и отвориле пекарница и слаткарница во Охрид - Холандски слатки.

И во Холандија имале своја пекарница, но, велат, животот им станувал сè потежок и едвај имале време за нивните три деца – 15-годишниот Јорди, 11-годишната Елиса и 2-годишниот Неик.

„Во Холандија имавме сè – наша куќа и наша пекарница.

Но, забележавме дека животот во Холандија станува потежок – најголем дел од времето работевме и живеевме од еден одмор до друг.

Одморите беа единствениот период кога можевме вистински да уживаме со децата и еден со друг“.

По многу години боледување, татко му на Марк починал и оваа семејна трагедија ги натерала да сфатат колку брзо минува животот.

Оттогаш, велат, нивното мото станало да не чекаат да уживаат во животот и почнале да патуваат почесто.

mark-i-goni-od-holandija-se-preselija-vo-makedonija-imame-svoja-pekarnica-zemjata-e-preubava-11.JPG

Во разговор за CRNOBELO.com, Марк и Гони раскажуваат за првите импресии од Македонија и одлуката да се преселат овде.

„По првиот одмор во Македонија во 2015-та, веќе следната година одлучивме да се вратиме.

Македонија е зачудувачки убава земја, луѓето се многу добри и гостопримливи, временските услови се совршени, а нашите деца си поминаа одлично. Вториот одмор во Македонија се претвори во трет, па четврти…

Одлучивме да побараме викендичка, но поради ситуацијата во Холандија, куќата брзо се претвори во наше постојано живеалиште.

Внимателно размисливме за оваа одлука, најмногу бидејќи се селевме со децата.

Во Холандија, економијата се влошуваше, а пазарот за недвижнини го достигна врвот. Во тој момент успеавме да ги продадеме куќата и пекарницата.

mark-i-goni-od-holandija-se-preselija-vo-makedonija-imame-svoja-pekarnica-zemjata-e-preubava-07.JPG

Во Македонија, купивме куќа во село Рамне. Разгледавме многу куќи во селата околу Охрид, но оваа куќа и нејзиниот поглед ни ги освоија срцата.

Кога претходно ја посетувавме Македонија, Марк неколкупати направи холандски слатки, а на нашите пријатели Македонци им се допаднаа. Ни рекоа дека никогаш не пробале нешто такво овде.

Па, одлучивме во Македонија да почнеме да продаваме холандски слатки.

Требаше да завршиме многу работи – за нашата миграција куќата, пекарницата, училиштето за децата...

mark-i-goni-od-holandija-se-preselija-vo-makedonija-imame-svoja-pekarnica-zemjata-e-preubava-08.JPG

И покрај тоа што покрај нас имавме луѓе кои ни помагаа, се соочивме со бирократски проблеми – која мака!

За среќа, имаме многу луѓе околу нас. Тие ни помагаа, особено за преводот.

Сега зборуваме малку македонски, но за официјалните работи, благодарни сме за помошта на нашите пријатели.

Сега имаме наша пекарница во центарот на Охрид.

mark-i-goni-od-holandija-se-preselija-vo-makedonija-imame-svoja-pekarnica-zemjata-e-preubava-9.JPG

Овде продаваме колачи, торти и чоколадни слатки, сите со холандски шарм.

И покрај тоа што работиме многу, сега навистина имаме време за нашите деца. Нема ништо подобро од тоа да ги гледаме како растат!“

mark-i-goni-od-holandija-se-preselija-vo-makedonija-imame-svoja-pekarnica-zemjata-e-preubava-2.JPG

mark-i-goni-od-holandija-se-preselija-vo-makedonija-imame-svoja-pekarnica-zemjata-e-preubava-02.JPG

mark-i-goni-od-holandija-se-preselija-vo-makedonija-imame-svoja-pekarnica-zemjata-e-preubava-3.JPG

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Софија Спирова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Али Риза од Пакистан 8 години живее во Македонија: „Работам во суд, тука платите се подобри отколку ... „Јас ја напуштив својата држава со цел да најдам подобар живот и очигледно тоа г...
Ивана од Берово е мајка на 4 момчиња: „Моја желба беше јас да се грижам за нив, избегнуваме штетни с... „Имаме спори утра, нема брзање за одење некаде. Од мали ги поттикнувам самостојн...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Деми од Холандија се пресели во Македонија: „Мајка ми е Македонка, татко ми е Србин, а Шабан Шаулиќ ... „Во Холандија сè е поиспланирано и луѓето имаат брз живот. Гледам дека тоа полек...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Каде е денес Боби Андонов, момчето родено во Австралија, кое ја претставуваше Македонија на Јуниор Е... „Моите родители потекнуваат од мали села околу Струмица. Секогаш бев тажен ...

Најчитани неделава